Лекари по грешка испратиле жив пациент во мртовечница, па се обиделе да го забошотат случајот

By

Пациент кој сè уште бил жив по грешка бил испратен во мртовечница, а потоа лекарите се обиделе да го заташкаат случајот, пренесоа некои од светските медиуми. Властите во градот Перт во Австралија, го истражуваат случајот за да утврдат одговрност.

dobivaj vesti na viber

Случајот стигна во јавноста кога некои од медиумите објавија тврдења од одредени извори, дека од болницата во која бил сместен 55 годишниот пациент, побарале од судскиот лекар во мртовечницата да им издаде потврда за неговата смрт со поран датум, со намера да се заташка целата работа. Тој го пријавил случајот, а наводно дал и отказ.

„Откако добил известување од лекарите во болницата Рокингем за смртта на 55-годишен маж, судскиот лекар во понеделникот на 3 октомври почна да истражува дали се работи за сомнителен случај“, рече портпаролката, а пренесе „Гардијан“.

За ова прв пишуваше Business News кој наведе дека пациентот кој добивал нега, сè уште бил жив кога бил ставен во мртвачка вреќа. Лекарот кој го пријавил случајот, открил свежа крв на болничката облека во која бил облечен пациентот.

Очите му биле отворени, рацете му се мрдале, а вреќата била отворена, стои во извештајот. Случајот го коментирала и опозиционата застапничка Либи Метам, која рече дека обвинувањата се вознемирувачки и бараат темелна и транспарентна истрага.

Ќе ви се допадне