Лорен Санчез, а не принцот ги објавила приватните пораки и фотографии на Безос

By

Сојузни обвинители од Менхетен тврдат дека поседуваат докази дека Лорен Санчез, девојката на Џеф Безос, е одговорна за откривањето на интимните пораки и фотографии на најбогатиот човек на светот. Според нив, Санчез интимните пораки и фотографии му ги дала на својот брат, кој потоа ги продал на весникот „Нешенел еквајер“.

Обвинителите велат дека собрале документација, вклучувајќи ја и пораката од 10 мај 2018 година, која Санчез му ја испратила на нејзиниот 25-годишен брат Мајкл Санчез. Во неа биле интимните разговори и допишувања со Безос. Меѓу доказите е и договорот од 2018 година, според кој „Нешенел еквајер“ му исплатил на Мајкл 200.000 долари.

Претходно Безос тврдел дека материјалот со интимни пораки и фотографии, кој довел до развод на неговиот 25-годишен брак, бил украден од неговиот телефон од страна на Саудијците. Овие докази се собрани за време на неговата истрага, која покажала дека интимните фотографии од неговиот телефон биле украдени од Саудијците.

Безос тврди дека извештајот на неговите истражители, кој бил одобрен и од Обединетите нации, е доказ дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман е тој кој наредил да биде хакиран неговиот телефон, преку заразено видео испратено во вотсап-порака.

Саудиска Арабија негира дека стои зад хакирањето. „Нешенел енквајер“ тврди дека само Санчез била извор за сензационална приказна која ја разоткри аферата на Безос, додека Санчез негира каква било врска со целиот овој скандал. Во јануари минатата година весникот ја разоткри аферата на Безос со Лорен.

Истата недела милијардерот објави дека се разведува од својата сопруга. Во таблоидот тогаш е најдена текстуална порака што ја испратила Лорен, истата таа која во мај му ја пренела на нејзиниот брат.

Другата порака што му ја испратила на Мајкл, на 3 јули 2018 година, ги содржи фотографиите на Безос без маица. Откако аферата била разоткриена, Безос и неговиот истражител Гавин де Бекер почнале да се сомневаат дека зад објавените приватни пораки стои Саудиска Арабија.

Во тоа време минале неколку месеци од смртта на новинарот Џамал Кашоги, колумнистот на „Вашингтон пост“, кој беше убиен од страна на агенти на Саудиска Арабија. Поради тоа и самиот принц Салман беше во центарот на меѓународниот скандал.

Од друга страна, новинарите на „Волстрит журнал“ долго ја следеле теоријата дека Санчез бил платен извор на „Нешенел енквајер“ за аферата на Безос. Во петокот член на уредништвото Холман Џенкинс Џуниор, напишал колумна во која вели дека наводната саудиска врска е само „димна бомба“, да се тргне вниманието од целата афера, а Безос да се претстави како жртва во целата таа работа.

„Поголема вест од аферата би било тоа истата да биде разоткриена од страна на известувачка агенција“, напишал Џенкинс.

Тој додал дека дигиталните форензички извештаи не дале доволно докази кои би ги поткрепиле ваквите тврдења за саудиската врска.

 

Ќе ви се допадне