Лукашенко: Коронавирусот е психоза, на крајот некој ќе профитира, а некој ќе пати

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја осуди психозата поврзана за панедмијата и болеста COVID-19, наведувајќи дека светот би можел да пати многу повеќе од паниката која се создава, отколку од коронавирусот.

„Овој коронавирус не можам да го окарактеризирам поинаку освен како психоза и никогаш нема да се откажам од тоа“, изјавил Лукашенко на состанокот со здравствените и безбедносни служби во земјата.

„Апсолутно сум убеден дека тоа е уште една психоза од која некој ќе профитира, а некој ќе пати. Паниката може многу повеќе да ни наштети отколку самиот вирус“, изјавил тој.

Лукашенко, кој е на власт повеќе од 25 години, уште во понеделнкот ги повика жителите во земјата да не паничат туку да работат на земјата и да ги возат тракторите, затоа што тракторите лечат сè.

Тој објави дека има одлучено да се воведе карантин за школските установи во земјата во која досега се заразени 37 луѓе.

„На местата каде почнавме да се охрабруваме ги собравме луѓето и ги ставивме во карантин и никој не беше болен. Сите се покажаа здрави“, изјави белорускиот претседател и предупреди и дека претераниот карантин не ги дава очекуваните резултати.

Scroll to Top