Лукашенко: Путин ги излекува сите коронавируси во светот

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за време на средбата со гувернерот на Приморскиот крај, Олег Кожемјак во Владивосток, рече дека неговиот руски колега, Владимир Путин успеал со војната во Украина да го запре ширењето на сите коронавируси во светот.

„Вчера му реков дека направил добра работа и дека наеднаш успеал да ги спречи сите коронавируси и дека сите се опоравиле“, рече Лукашенко, а пренесе „РИА Новости“.

Тој додаде дека светот во овие моменти се прераспоредува и дека е убеден дека Белорусија и Русија ќе изградат единство на две независни држави, иако постоело страв дека неговата земја би можела да биде вклучена во гранциците на нејзиниот голем сосед.

 

Scroll to Top