Мајката на Макрон глуми дека ја сака Бриџит, ѝ смета разликата во годините и сака да му го растури бракот

Мајката на францускиот претседател, Емануел Макрон, Франсоа Ногес, не ја сакала неговата сопруга Бриџит, а едно време размислувала ѝ да им го растури бракот, пренесуваат медиумите. Таа неколку пати ја предупредила да се држи понастрана од нејзиниот син.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат медиумите, главната причина е разликата во години. Бриџит е 23 години постара од Макрон и тоа e нешто што и смета на Франсоа. Сепак нејзини пријатели велат дека на крајот морала да се помири со фактот дека Макрон ја сака Бриџит ѝ сакал да ја ожени.

 Makronova žena Brižit - Profimedia

Франсоа направила сè за да ги раздели. Таа дури во последната година од неговото школување го пратила во Париз. Најдобро за нивниот однос пишува и авторката Гаел Шакалоф. Таа во нејзината книга пишува дека на почетокот на врската, Франсоа ја предупредила Бриџит да се тргне од син ѝ.

„Франсоа е свесна дека не може да направи апсолутно ништо“, рече Шакалоф и објасни дека за сè ѝ се доверила Франсоа.  „Го познавам Мануел и знам каков е кога ќе запне за нешто“, додала таа.

Гаел рече дека клучното што ѝ сметало била разликата во години. Објаснува дека Бриџит била во затегнати односи со свекрвата уште од самиот почетокот. Нивниот однос бил прилично комплициран.

 Makronova žena Brižit

Неговото однесување најдобро го има опишано и новинарката Ен Фулда во нејзината книга.

„Не сваќаш, ти веќе имаш свој живот, а тој не сака деца. Ти забранувам да се гледаш со него додека не наполни 18 години“, наводно ѝ рекла Франсоа на Бриџит. На тоа Бриџит ѝ одговорила дека не може ништо да ѝ вети, пишува Фулда.

 Makronova žena Brižit - Profimedia

„За неговото обожавање на Бриџит доволно зборува и тоа што пред него може да се соблече и Летиција Каста и на него тоа да не му значи ништо. Љубовта меѓу Емануел и Бриџит е нераскинлива“, рече Фулда.

 Makronova žena Brižit

За потсетување, веќе со години се шушка како Франсоа се обидува да го прикрие анимозитетот кон Бриџит, со изјавите од типот дека не ја смета за убавица, туку само за пријателка каква што никогаш немала порано.

Франсоа велела дека имале исти афинитети и приоритети и дека си верувале една на друга.

Бриџит пак вели дека внимава на односот кон нејзиниот сопруг и неговото семејство. Таа вели дка ги поканува на свечени ручеци, вечери, семејни дружења, но и свечени церемонии во Елисејската палата.

 

Scroll to Top