Макрон се уплашил да не го клонираат, е една од лудите теории зошто одбил да направи ПЦР-тест на средбата со Путин и им ја даде ДНК на Русите

Големата маса на која седеа рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон за време на разговорот во Москва, привлече големо внимание во светската јавност. Иако на почетокот се милеше дека тоа е зарди нивните заладени односи, сепак потоа Французите потврдија дека Макрон не сакал Русите да го тестираат на коронавирус, за да не дојдат до неговата ДНК.

Некои од теоретичарите на заговор се сигурни во тоа дека Макрон не сакал да им ја даде ДНК-та од страв дека би можеле подоцна да го колнираат. Ова е една од неверојатните теории која се шири во овој круг на групи.

„Замилете свет во кој постои, не еден, туку два, три, четири или 12 Макрони. Цела низа на свежи клонирани Макрони кои би послужиле како извонреден подарок. Русите би имале огромна моќ над Французите кога би поседувале и би имале на располагање цела кутија со Макрони“, пишуваат руските медиуми.

„И тоа како би било од корист да се има цела армија на копии од францускиот претседател. Светските лидери би трепереле од самата помисла дека некој друг просечен политичар може да го заспие нивното население, па откако ќе се разбудат од длабок сон, едно убаво сончево утро да сфатат дека нивната територија е окупирана. Макрон Монотони, уништувач на забавата“, е наведено во еден од текстовите на руските медиуми.

Првата штета што другите лидери кои го посетиле Крим, биле помалку претпазливи, па така веројатно наскоро можеме да очекуваме да видиме клонови од унгарскиот премиер Виктор Орбан или иранскиот претседател Ибрахим Реиси.

Друга теорија што се врти во кругот на теореитичарите на заговор е онаа за откривање на семејните тајни. Денс луѓето прават разни анализи со ДНК-та од различни прични. Прво од чиста радозналост, па сè до желбата да ги откријат своите вистински родители и слично.

Можеби Макрон се плашел дека Русите би можеле да откријат некои од неговите семејни тајни. Методот на ПЦР тест се користи и за утврдување на татковството, при ДНК анализата, па можеби францускиот лидер имал нешто да сокрие во врска со тоа.

Познато е дека луѓето ги користат ДНК анализите за да дознаат нешто повеќе за своето потекло и семејно стебло, за нивниот генетски код.

„Како да се хранам за да бидам поздрав? Дали имам генетска одбојност кон одредени производи или едноставно не сакам брокула? Дали имам некаква болест?, е само некои од прашањата на кои може да се одговори доколку научниците ја знаат ДНК-та.

Можеме само да замислиме што сè Кремљ би можел да открие во генетскиот код на Макрон, кои сè слабости тој ги поседува.

Од другите теории се издвојува и онаа дека Макрон можеби ненамерно да стане некаков вид на биолошко оружје, кое би имало за задача да ја ослабе француската влада. Брис од носот е неопходен за еден ПЦР-тест и би бил доволен за да се внесе некаква смртоносна болест.

Заразен со вирусот, Макрон би послужил како тројански коњ, пренесува „Спутник“. Неговата бизарна фобија од рускиот ПЦР тест привлече големо внимание, а поради огромната маса на која седеа, на интернет се појавија и голем број коментари и разни шеги.

Во секој случај, со анализа на ДНК-та некои лица може да се следи нивното минато, да се пронајдат негови роднини и детално да се испита семејното стебло. Тоа претставува ризик за славните личности, светските лидери, членките на одбрамбените или.

Во Велика Британија годинава се појавија наводи дека постои заговор да се земе влакно од принцот Хари за да конечно се утврди кој му е биолошки татко. Анализите исто така можат да утврдат дали поединецот пати од одредено генетско заболување и други болести, информации кои главно се држат во тајност.

Кражбата на ДНК се смета за сериозна закана на приватноста на поединецот, но во повеќето земји не е квалификувана како кривично дело. Велика Бритнаија во 2006 година донесе закон по кој кражбата на ДНК и тестирањето на ДНк на поединци е кривично дело.

Се смета дек откривањето на генетски информации би можело во иднина да се искористат за создавање на биолошки оружја. „Атлантик“ во 2012 година објави текст со извештај во кој е наведено дека американската влада тајно собирала ДНК од светските лидери.

„ДНК-та на претседателот би можела да се искористи за многу политички чувствителни начини, за фалсификување на докази за скандали и афери, за поттикнување гласини за раѓање и наследство или за гласини за наводни болести кои би можеле да го загрозат неговото владеење“, се вели во извештајот.

(Фото) Можеш да ми ја подадеш солта, „Твитер“ си игра мајтап со Путин и Макрон

Scroll to Top