Макрон: Трамп и Путин коваат заговор за да ја уништат Европска унија

Францускиот претседател Емануел Макрон го обвинил Стив Бенон, блискиот соработник и поранешен главен стратег на Доналд Трам, претседателот на САД, дека заедно со руските олигарси, кои се под влијание на рускиот претседател Владимир Пуитн, коваат заговор со цел да ја уништат Европската унија!

Избирачите во Европската унија не смеат да бидат наивни по порашањето на мешање на странски служби во изборите за Европскиот парламент, порачал Емануел Макрон.

Острите обвинувања на Макрон следеле само два дена во пресрет на почетокот на гласање за Европскиот парламент кои ќе се одржат до 26 мај. Нациналистичките и екстремистичките партии од различни делови на Европа, минатиот викенд одржале самит во Милано.

Организаторот на собирот на кој било ветено редефинирање на Европа бил Матеа Салвини, заменик премиерот на Италија. На митингот присуствувале лидери од десничарските партии од 11 земји, меѓу кои и Француското национално собрание, Алтернатива за Германија, Холандската слободна партија.

На собирот присуствуавле и Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, кој најавил дека неговата партија „Фидес“ ќе го поддржи Салвини, но дека нема да учествува во сојуз со Марин ле Пен.

Овие избори се клучни за иднината на Европската унија и доаѓаат во момент кога Велика Британија е подготвена да ја напушти заедницата, а десничарите сакаат да ја запрат понатамошната интеграција на државите.

„Бирачите во ЕУ не смеат да бидат наивни по прашањето на мешањето на странците во изборите за Европскиот парламент. Русите и некои други финансираат екстремни политички партии во Европа“, изјавил Макрон и додал дека Стив Бенон претходните денови престојувал во Франција, каде ја фалел кампањата на Марин Ле Пен.

Макрон отворено го обвини лидерот на екстремната децница дека е под влијание на Бенон и руските олигарси, по нивната партија добила позајмица од банки блиски до претседателот Владимир Путин. Во прашање е позајмица направена уште во 2017 година, кога Ле Пен ги изгуби претседателските избори од Макрон.

Ангела Меркел: НАТО да ја заштити Европа

Воениот сојуз НАТО мора да ја осигура сопствената територија, а не само да се фокусира на странските мисии, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел. за време на посетата на тенковската бригада во Бундесверот во северна Германија. Таа истакнала дека обезбедувањето на сопствената територија повторно станала важна задача.

Францускиот премиер Едуард Филипе, бил уште поконкретен во обвинувањата на сметка на лидерот на САД.

„Силна Европа е предуслов за нашиот суверенитет. Гледам дека тоа го мачи Доналд Трамп и Стив Бенон. Тоа што не разбирам е зошто француските граѓани ги поддржуваат оние кои се преправаат дека ја бранат државата и народот, а всушност се послушници на оние кои сакаат да ја ослабат Европа“, изјавил Филипе алудирајќи на Ле Пен.

Бенон е основач на организацијата „Движење“ (The Movement) со седиште во Брисел, со цел промоција на десничарските популистички групи во Европа.

Scroll to Top