Манекенка починала пред да падне од 20 кат, полицијата го затворила случајот за да спаси богат пар

By

Холандската манекенка Ивана Смит (18) чие безживотно тело било пронајдено по една забава во Куала Лумпур, била мртва пред да биде фрлена од балкон од 20 кат, стои во новиот извештај по направената обдукција на телото.

Ивана починала на крајот на 2017 година, околу 10 часот утрото, а телото било пронајдено дури по 15 часот попладнето. Во нејзиното тело биле откриени траги на кокаин, екстази и алкохол, а на себе не носела ништо.

 

View this post on Instagram

 

The world is a jungle, you either fight or run forever. Credits to my man @lukaskramer_ 😏🙈

A post shared by Ivana Smit (@ivana_smit) on

На 7 декември 2017 година, Ивана Смит била пронајдена гола на патот пред солитерот во луксузниот кварт во Куала Лумпур. Во 5 часот и 22 минути, Ивана во ноќен клуб, била снимена во друштво на американскиот тајкун Александер Амад Џонсон (45) и неговата сопруга Луна Алмаз (31).

Ивана била речиси во несвесна состојба, а двојката ја изнеле од ноќниот клуб. Два часа подоцна, Ивана на своето момче му испратила селфи направено со Луна и порака дека ќе се одмори.

„Мислевме само да ја прошетаме до нашиот стан“, им кажале Амад и Луна на малезиските истражители кои го воделе случајот.

Јавноста и тамошните медиуми сега се изненадени од фактот дека на Амад и Луна не им било чудно тоа што во нивниот стан Ивана ги оставила целата своја облека и лични работи. Медимите пишуваат дека најлошо во целата оваа работа е што ниту на малезиската полиција не им било сомнително, па многу брзо го затвориле случајот.

За среќа од Ивана Смит не се откажале холандските истражители, кои веднаш по направената обдукција, откриле дупка во целата оваа приказна. Холандската полиција набрзо потоа истражила и открила дека американскиот бизнисмен и неговата сопруга во чиј дом била пронајдена мртвата холандска манекенка имале секс во тројка со Ивана, само неколку часа пред немилиот настан и дека тие се одговорни за нејзината смрт.

 

View this post on Instagram

 

Sunshine mixed with a little hurricane. Throwback to last weeks event wearing @only_official. #launch #model #cangkat @rmzairi

A post shared by Ivana Smit (@ivana_smit) on

 

View this post on Instagram

 

Havana💋 #sundayvibes #chill

A post shared by Ivana Smit (@ivana_smit) on

Ќе ви се допадне