Географските мапи се лажни

By

Светот не е онаков каков што ни се прикажува на мапите, пишува IFLScience. Повеќето географски мапи што  ги имаме видено се засноваат на Меркаторовата проекција.

dobivaj vesti na viber

Дури и „Гугл мапс“ до неодамна користел варијанта на оваа проекција, која е изработена пред речиси 550 години. Сепак, изненадува лошото прикажување на големината на многу држави.

Британскиот научник Нил Кеј, кој инаку ја проучува климата, работел на овој случај изработувајќи карти. Оние изработени со Маркаторовата проекција покажуваат искривување на вистинската големина на голем број држави, особено на оние оддалечени од екваторот.

Русија, Кина и Гренланд значително ја менуваат големината. Европа, делови од Азија и Америка исто така значително се намалуваат. Меркаторовата проекција го прикажува Гренланд како копнена маса поголема од Африка, иако во реалноста Африка е 14 пати поголема од Гренланд.

Меркаторовата проекција прв ја претставил картографот Герардус Меркатор во 1569 година. Таа била корисна за истражување и им овозможувала на морепловците да го испланираат праволиниското движење и да го открија вистинскиот облик на државата, но кога тродимензионалниот облик, како глобусот, ќе се пренесе во дводимензионална проекција од нешто мора да се откажете.

Меркаторовата проекција исто така има политички призвук претставувајќи го евроцентристичкиот колонијален поглед на светот.

Како резултат на сите овие недостатоци, некои училишта во Бостон дури се одлучиле да се откажат од картата во корист на алтернативната Гал-Петерсова светска карта. Но, ниту таа проекција не е совршена.

Во октомври 2018 година картографите објавиле проекција на мапата Ikval Ert со надеж дека ќе ги надминат сите проблеми со кои се соочуваат поради бројните проекции на светот.

Ќе ви се допадне

tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất sunwin club

tải sunwin

sunwin apk sunwin tài xỉu sunwin.apk mới nhất

sunwin club sunwin tài xỉu sunwin club

sunwin