Маск работи на чипови во мозокот, кои ќе помогнат во откривањето деменција, Алцхајмерова и Паркинсонова болест

Американскиот милијардер Елон Маск најави дека работи на чипови за мозокот кој ќе помогнат во откривањето на тешките болести како Паркинсонова, Алцхајмерова и деменција. На чипот работат експерти од неговата компанија Neuralink, а се очекува да бидат тестирани на луѓе за шест месеци.

Чиповите ќе бидат дизајнирани и ќе можат да им ги вратат моторните функции на луѓето со парализа. Исто така ќе ги лекуваат мозочните заболувања како што се Паркинсоновата, Алцхајмерова болест или деменција. Досега се направени само тестирања на животни. Од Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) се очекува одобрение истите да се тестираат и на луѓе, пренесе „Ројтерс“.

„Сакаме да бидеме крајно внимателни и да се погрижиме добро да функционира пред да ги тестираме на луѓе. Им го доставивме најголемиот дел од документацијата до ФДА и очекуваме за шест месеци да добиеме дозвола да ги тестираме на луѓе“, рече Маск за време на презентацијата во седиштето на Neuralink.

Scroll to Top