Маж од Австралија тврди дека е син на Чарлс и Камила

Симон Доранте Деи од Австралија тврди дека британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила се негови вистински родители, пишува „Дејли експрес“. Според него, Камила го родила на 18 години, а Чарлс тогаш имал 17 години. Тој вели и дека принцезата Дијана знаела за него.

52-годишниот Симон е роден на 5 април 1966 година, во близина на Портсмут.  Тој првпат јавно проговори дека Чарлс и Камила се негови родители во 2016 година. Сега вели дека има нови докази за своето потекло. Симон имал 18 месеци кога го посвоиле Карен и Дејвид Деи.

„Бев многу близок со баба ми. Таа постојано ми  велеше дека сум дете на Чарлс и Камила“, рекол Симон. Тој сакал да го открие својот идентитет уште пред 22 години, но тогаш во сообраќајна несреќа загина принцезата Дијана.

Симон Доранте-Деи

„Во тоа време се ширеа секакви шпекулации околу кралското семејство, а моето постоење беше една од нив. Мислам дека Дијана бараше одговори за животот, за работи кои ѝ предизвикаа неправда и беше подготвена да ги открие јавно“, рекол Симон.

И сопругата на Симон, Елвијана, верува дека тој е дел од британското кралско семејство.

Од официјалната резиденција на принцот Чарлс засега нема коментар.

Scroll to Top