Месечината фатила ‘рѓа, оваа невозможна појава ги збуни научниците

Истражувачите на НАСА и научниците од Институтот на Хаваи за геофизика и планетарна наука за првпат забележале ‘рѓа на Месечината. Тие сметаат дека проблемот е во планетата Земја.

Невозможно да се создаде рѓа на Месечината, затоа што во вселената нема кислород и вода, објаснуваат тие. Иако Месечината е богата со карпи со железо, рѓата може да се создаде единствено ако железото е изложено на кислород и вода.

Единственото објаснување кое тие го имаат е Земјата. Рѓата се појавила на делот на Месечината која е свртена на страната кон нашата планета.
Тие добиле податоци од лунарната сонда Chandrayaan-1, која кружела околу Месечината во 2008 година. Сондата собирала информации за постоење на молекули на вода на нејзината површина. Со сондата, научниците во НАСА, го анализирале нејзиниот минерален состав.
Сондата открила траги од хематит, облик на железо, односно рѓа. Тие велат дека Месечината е преплавена со водород, кој стигнал до неа благодарение на сончевиот ветер.

Од НАСА велат дека рѓата се јавува кога кислородот ги отстранува електроните од железо, а водородот го прави токму спротивното. Затоа, во областите богати со водород, тешко се формира рѓа, велат тие. 

„Тоа е многу збунувачки за нас“, изјавил Шуаи Ли од Универзитетот на Хаваи, главниот автор на студијата објавена во списанието Science Advances.

Тој објаснува дека Месечината е ужасна средина за создавање хематит.

По повеќемесечни истражувања, Ли со неговите соработници тврди дека ја решил мистеријата, а како главен виновник за ‘рѓата ја посочил Земјата. Првото објаснува е дека рѓата е концентрирана само на страната на Месечината, свртена кон Земјата.

Тоа укажува дека појавата на некој начин е поврзана со нашата планета. Земјата е опкружена со магнетно поле, а соларниот ветер го растегнува и создава долга магнетна опашка во правец на ветерот.

Ли смета дека кислородот од Земјата, со помош на тој магнетен опаш, стигнува до Месечината и таму доаѓа во допир со водените молекули и се создава рѓата.

Магнетната опашка истовремено, за време на полната Месечината, го блокира соланиот систем, што значи дека Месечината привремено е заштитена од удар на водород од Сонцето. На тој начин е отворен временски простор за создавање на рѓата.

Но, ваквата терија има неколку недостатоци. На пример мал дел од рѓата е откриен на темната страна на Месечината, каде кислородот од Земјата тешко може да дојде, а нејасна е и интеракцијата на молекулите на водата и карпите на Месечината.

Scroll to Top