Метеорит се судри со Месечината, снимена најголема експлозија на сателитот на Земјата

Метеорит удрил во Месечината создавајќи огромен кратер на нејзината површина. Моментот од ударот го снимил Даичи Фуџи, шефот на астрономијата во Градскиот музеј Хирацука. Ударот се случил во 20:15 часот од неговиот дом во Хирацука, Јапонија, односно 11:15 часот по Гринич.

„Успеав да го снимам најголемиот удар на Месечината во историјата. Во тој момент немаше сателит кој минуваше над површината на Месечината. Според блесокот кој се случи, голема е веројатноста да станува збор за удар“, рече Фуџи.

Додаде и дека многу е веројатно метеоритот да удрил во близина на кратерот Иделер Л, малку северозападно од кратерот Питискус.

„Новоформираниот кратер би можел да биде со дијаметар од околу 10 метри“, рече Фуџи и додаде дека веројатно ударот можел да биде снимен и од Лунарниот извидувачки орбитер на НАСА или индиската лунарна сонда Чандрајаан 2.

Светлината од Месечината ја снимил со неговата телефота камера. Тврди дека кратерот е толку голем што јасно можат да се видат ленти на него. Фуџи објасни дека затоа што на Месечината нема атмосфера, метеоритите и огнените топки не се видливи, но видлив е моментот кога се создава кратерот.

Околу 100 метеорити со големина на пинг-понг топчиња удираат секој ден, вели Бил Кук шеф на Канцеларијата за метеоридна средина на НАСА во Центарот за вселенски летови во Алабама.

За Live Sceince минатата година рече дека годишно на Месечината паѓаат околу 33.000 метеорити. И покрај тоа што се мали, секоја од овие карпи со големина на пинг-понг топче, удира на површината со сила од 3,2 килограми динамит.

Една недела пред Фуџи да ја објави снимката, друг метеорит паднал на Земјата. Можел да се види од Јужна Англија и Велс и делови од Франција. Карпата била наречена 2023 CKS1, и влегла во атмосферата на околу 3 километри од францускиот брег во 3 часот наутро.

Метеоритот создал огнена топка која се распаднала на помали парчиња кои паднале во морето. Тоа било седми пат успешно да се предвиди удар на астероид, што според Европската вселенска агенција е знак за брз напредок во глобалните способности за откривање на астероиди, пишува „Дејли Мејл“.

Сепак, најголемиот познат удар на Месечината се смета дека се случил пред околу 4,3 милијарди години во близина на нејзиниот јужен пол. Се вели дека масивниот удар ослободил огромна топлина низ внатрешноста на Месечината.

Scroll to Top