Милева трпела тортура од Ајнштајн, славниот научник имал список со правила кои сопругата морала да ги почитува

Милева Мариќ партнерката на Алберт Ајнштајн трепла тортура од славниот научник, пишуваат медиумите. Тој имал список со правила кои морала да ги почитува, а се зборувало и дека ја изневерувал со една од нејзините братучетки. Двајцата се венчале во Берн на 6. јануари 1903 година.

Неговата мајка наводно не ја сакала Милева затоа што била четири години постара од него. Не ја сакала ни затоа што ја задржала православната вера и затоа штоа едната нога и била пократка од другата.

Постојано ѝ правела притисок, дури и откако му родила два сина. Нивниот брак функционирал како еден вид однапред утврден режим. Алберт шест дена поминал во патентен завод, додека Милева била дома со децата. Бракот со години им бил во криза.

Научникот почнал да поминува сè повеќе време со љубовницата и нејзина братучетка, Елза Ловентал. По една нивна расправија, Милева од Алберт добила писмо во кое и ги напишал списокот со правила кои морала да ги почитува. Очекувал од неа строго да се држи до нив.

Писмото е објавено во биографијата „Ајнштајн – неговиот живот и универзум“. Ја напишал Волтер Ајзакс, човекот кој едно време беше и претседател на „Си-ен-ен“ и главен уредник на весникот „Тајмс“.

Во писмото пишувало:

Да водиш сметка: Под А: облеката и постелнината да бидат под ред, да добивам три оброци во мојата соба. Мојата спална и работна соба да бидат уредни и особено мојата маса да се користи само за моите потреби.

Под Б: Да се откажеш од сите лични врски со мене, освен ако не се неопходни заради социјални причини. Особено ќе се одречеш од: моето седење во куќата со тебе и моето излегување и патување со тебе.

Под Ц: Ќе ги почитуваш следните правила во врска со мене:

Нема да очекуваш никаква интимност од мене, ниту пак ќе ми приговараш за било што. Ќе престанеш да разговараш со мене, ако тоа го побарам од тебе. Ќе ја напуштиш мојата спална и работна соба во истиот момент кога ќе го побарам тоа од тебе, без никаков приговор.

Под Д: Ќе се обрзеш дека никогаш нема да ме омаловажиш пред нашите деца, ни со збор ни со однесувањето.

 

Scroll to Top