Поради опасноста да се заразат со коронавирус, голем број од милијардерите во светот бараат засолниште во бункери, длабоко под земја.
Најевтиниот стан во луксузен подземен бункер, кој гарантира пет години преживување по евентуалната социјално-економска имплозија во САД, во период на Ковид-19, чини милион долари, додека поудобните варијанти на сместување се продаваат и по трипати повисока цена.
Цената на одржување на станот во подземниот бункер чини 2.500 долари годишно и тука се вклучени интернет, оружје, вода и струја. Компанијата Survival Condo (стан за преживување) нуди станови во напуштени ракетни силоси „Атлас Ф“, кои на половината на минатиот век ги градел инжинерскиот корпус на армијата во САД и кои се наоѓаат во руралните краеви на Америка.
Подземните ракетни силоси, каде што некогаш се наоѓале интерконтиненталните атомски проектили, се закопани и до 200 метри под земјата и можат да примат 75 жители. Под куполата на објектот, на самата површина на земјата, се наоѓа цилиндричен силос со 14 ката. На горниот кат има базен и просторија за водоснабдување.
Седум ката се наменети за живеење, додека во последните четири ката се изградени училници, библиотеки, кино, бар и соба за вежбање со сауна. Скали и лифтови има на секој кат. Вака накратко изгледа репортажата за каналот CNET, за подземните бункери за исплашените милионери, кои не ги жалат своите пари за да се обезбедат од евентуална закана од посткорона периодот.
Лари Хал, сопственик на компанијата Survival Condo, на телевизиските репортери им го покажал својот кадилак, меѓу засолништата за богатите, кој се наоѓа некаде во срцето на Канзас. Тој тврди дека ниту една друга опција за засолниште денес не го нуди духот кој доаѓа од неговата најсовремена технологија, во комбинација со удобноста и луксузот, какви што Survival Condo ги нуди.
Во прашање се најиздржливите структури, создадени да издржат нуклеарен удар. Горниот дел од изградбата има бетонски ѕидови со дебелина од преку 2,7 метри, додека конструкцијата на куполата може да издржи ветрови со сила и преку 800 километри на час.
Објектот има повеќе од 54.000 квадратни метри заштитен простор, кој е осмислен за живот на 75 лица, во период од пет години. Вкупната дизајнерска завршна изградба на засолништето е ултрамодерна и главно користи најнова врвна технологија, тврди сопственикот.
Како што известува CNET, еден кат има приближно 1.820 квадратни метри животен простор и се дели на две целини по 900 квадрати. На едниот кат може да живеат максимално 10 луѓе. Во опремата на станот е и 50-инчен телевизор и систем за домашна автоматизација со далечинско.
Клучевите се биометриски и зависат од газдата. Станот поседува петгодишна резерва на храна за едно лице, а постои и стрелиште и базен за обучување на патниците за апокалипса.
Најмалата единица чини околу милион долари, а најголемата околу три милиони. Некои од овие станови на Survival Condo се веќе во сопственост на богатите елити, известува телевизијата.