Милијардерот педофил Епстајн се обидел да се самоубие во затвор

Милијардерот Џефри Епстајн, кој е обвинет за педофилија, се обидел да се самоубие во својата ќелија во затворот каде што е сместен. Тој сега се наоѓа под 24-часовен надѕор.

Епстај, кој е уапсен на почетокот на јули поради федерални обвинувања, е пронајден на подот во својата ќелија во положба на фетус, велат извори од NBC. Епстајн бил најден во полусвесна положба и имал траги од повреди на вратот. Извор тврдат дека веројатно се обидел да се обеси во својата ќелија.

Други извори велат дека повредите на Епстајн не биле сериозни и укажале на можноста тој да го користел инцидентот за да се обиде да добие дозвола за преместување и трансфер во друг затвор.

Четврт извор за телевизијата NBC тврди дека официјалните лица не ја исклучиле можноста милијадерот да бил нападнат. Покрај Епстајн, вмешан е уште еден затвореник, кој бил испрашуван за инцидентот.

Од NBC известиле дека се работи за лицето Николас Тарталјоне, поранешен полицаец кој бил уапсен во декември во 2016 година и истиот е обвинет за убиство на четири мажи поради дрога.

Извори за VNBC изјавиле дека Тарталјоне тврдел дека не видел никој да му се доближи на Епстајн и дека никој го нема допрено. Брус Баркет, адвокатот на одбраната на Тарталјоне, за CNBC изјавил дека секоја сугестија дека Тарталјоне нападнал некој затвореник е измислица.

Епстајн е обвинет овој месец за кривично дело трговија со луѓе и вмешан во заговор за сексуална трговија во Окружниот суд на САД на Менхетен. Ако биде осуден, Епстајн ќе се соочи со 45-годишна затворска казна.

Scroll to Top