Милионите што ги имал Марадона мистериозно исчезнаа и никој не знае каде се, вели адвокатот на неговиот најмлад син

Богатството на славниот фудбалер Диего Армандо Марадона, кој почина минатата година, мистериозно исчезнаа. Адвокатот Марио Баудри, кој го застапува неговиот најмлад син, Диего Фернандо, вели дека богатството на Аргентинецот е далеку помало од она што луѓето мислеле.

„Во јавноста се зборуваше за 86 милиони евра, но всушност целото богатство се сведува на само 4,6 милиони евра, кои се појавија на неговите банкарски сметки со еден мал стан, стара куќа и два автомобила“, изјавил Баудри.

Тој вели дека Марадона заработил многу пари, но на крајот ги немало во финансиските извештаи.

„Не знаеме дали Марадона ги потрошил или ги чувал овие пари“, објаснил Баудри.

Тој вели дека во куќата на Марадона во Буенос Аирес имало сеф, кој наводно само тој можел да го отвори. Подоцна се утврдило дека и другите членови на семејството имале пристап до нив.

„Ако заработил милиони, каде исчезнале? Ако ги потрошил, а се надеваме дка тоа е случај, тогаш нема никакви проблеми. Неговите наследници ќе може да бидат мирни, само ако знаат што навистина се случило со тие пари. Но, сега нема никакви докази што се случило со парите“, изјавил тој.

 

Борбата за наследството на легендарниот Марадона е возбудлива како што бил и неговиот живот, а борбата за неговото наследство е комплицирана, болна и немилосрдна, пишуваат медиумите во Аргентина.

Марадона имаше исклучително бурен љубовен живот. Од едниот брак и трите вонбрачни врски има пет деца, што ги признал. Но, уште четири жени тврдат дека родиле вкупно шест деца за кои тврдат дека се на Марадона. Две од нив живеат во Аргентина, а четири на Куба.

Сите сметаат дека имаат право на дел од неговото наследство.

 

 

Scroll to Top