Министерот на Русија Сергеј Шојгу се шета со мистериозен куфер

Министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу за време на посетата во Србија се појави со мистериозна црна ташна. Многу заговорници сметаат дека е во прашање „атомски куфер“, односно ташна во која се наоѓа уредот со кој генералот на руската армија, може да ги лансира ракетите со атомски боеви глави.

Името на куферот е „Чегет“ и претставува дел од атомскиот систем за команда и контрола на руските стратешки нуклеарни сили наречени „Казбек“. Името е по планинскиот масив Кавказ, кој се наоѓа на границата меѓу Европа и Азија. Ист таков куфер поседува и претседателот на Русија, Владимир Путин и началникот на Генералштабот.

Руските лидери не се одвојуваат од овие куфери. Секогаш се во нивна близина за да можат брзо да реагираат во случај на евентуален нуклеарен напад. Куферот е направен за време на администрацијата на Јуриј Андропов, во раните осумдесети години од минатиот век. Ставен е во служба за време на владеењето на Михаил Горбачов.

Куферот е поврзан со специјален комуникациски систем под кодното име „Каквказ“, кој овозможува комуникација меѓу високите владини официјални лица, во моментите кога се носат одлуки за употреба на нуклеарно оружје.

Куферот е приклучен е на Казбек и ги опфаќа сите поединци и агенции под команда и контрола на стратешките нуклеарни сили. Генералштабот добива сигнал и иницира напад на основа на авторизација на кодовите за лансирање на нуклеарен арсенал.

На 25 јануари 1995 година, во Норвешка, куферот бил активиран, како одговор на лансираната Бранд XII четрифазна звучна ракета, создадена од норвешки и американски научници. Тоа било прв и последен пат кога нуклеарниот куфер бил користен како подготовка за напад.

 

 

 

Scroll to Top