Мислел дека лета високо, а всушност паѓал, пилотот на Коби Брајант бил дезориентиран

Пилотот кој управувал со хеликоптерот во кој Коби Брајант и неговата ќерка Џијана го загубија животот, бил дезориентиран во моментот на падот на леталото, е новата теорија на независни експерти. Медиумите пренесуваат дека тој имал погрешна претстава на која висина се наоѓаат.
Во  хеликоптерската несреќа која се случи на 26. јануари во САД, загинаа вкупно девет лица. Меѓу жртвите кои тогаш ги изгубија животите, беа и легендарниот кошаркар на Лос Анџелес, Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џијана.
Пет месеци подоцна се објавени нови детали од несреќата, кои покажуваат дека пилотот Ара Зобајан бил дезориентиран. Тој разговарал со контолата на летот и им пренел дека се искачил на висина од 1220 метри, со цел да дојде над облакот.
Вистината е дека во тој момент, пилотот веќе паѓал со молскавична брзина кон ридот во кој удрил хеликоптерот. Во извештајот на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот, е наведено дека пилотот веројатно погрешно го проценил патот на леталото.
Тоа можело да се случи само ако тој бил дезориентиран поради слабата видливост. Оваа теорија ја потврдиле експерти, кои укажвале на тоа дека Зобајан бил дезориентиран. За потсетување, на хеликоптерот подоцна не биле откриени никакви дефекти.
Scroll to Top