Мистериозен брод плови од Русија кон Сирија, Путин му испраќа на Асад 400 контејнери

Огромен теретен брод под името „Спарта“ испловил од Русија на пат кон Сирија, а на него се наоѓаат повеќе од 400 контејнери со мистериозна содржна, пишува „Ал Маџар њуз“. Бродот веќе го минал Босфор и впловил во Средоземното море. Бродот е со големина на фудбалски терен, кој може да носи повеќе од 450 контејнери.

Секој контејнер може да понесе терет од најмалку 22 тони, пишува „Ал Маџар њуз“. Не е прецизирано каков терет е во прашање, иако е познато дека бродот треба да стигне до пристаништето Тартус, каде ќе биде извршен истовар. Медиумите потсетуваат дека слични бродови веќе стигнале во Сирија во неколку наврати.

Еден таков брод стигнал во август во 2018 година, а во него имало воена опрема која била предадена на сириската војска и нејзините сојузници на северозападот од земјата.

Scroll to Top