Мистериозни црни кругови се појавија на површината на Марс

Научниците на НАСА открија мистериозни црни кругови на површината на Марс. Не знаат како настанале, а ги забележале на фотографиите направени на неколку песеочни дини. Велат дека се формирале во совршени кругови на површината на планетата.

Вселенската агенција објави и соопштение во кое објаснува колку е ова необичен феномен.

„Сè уште се малку асиметрични, со стрмни лизгачки површини на јужните краеви. Ова укажува дека песокот генерално се движи кон југ, но ветровите можат да бидат променливи“, објаснија од НАСА, а пренесе MSN.com.

Ова е дел од серијата фотографии кои следат како мразот исчезнува на крајот на зимата, но на овие фотографии се чини дека нема мраз, објаснуваат од НАСА.

Фотографиите изгледаат како црни празнини во споредба со ледените нерамни врвови на дините околу нив. Изгледаат како лице на мечка откако, орбитерот објави дека површината на Марс личи на гризли.

Фотографиите се направени во декември од надморска височина од речиси 251 км, па од НАСА напишаа: „Дали е ова мечка на Марс? Малку личи на лице на мечка. За што навистина станува збор?”

Scroll to Top