Мистериозно исчезнал лидерот на венецуелската опозиција

По неуспешниот обид за државен удар против претседателот на Венецуела Николас Мадро, неколку приврзаници на опозицијата, одржале мирни демонстрации во кои изостана Хуан Гуаидо. Лидерот на опзицијата откако побара поддршка од војската, не се појавил на закажаниот митинг.

Венецуелскиот народ го отфрли неодамнешниот повик, кој оваа сабота го промовираа лидерите на крајната десница. Тие повикаа на демонстрации пред главната воена касарна во Боливарската Република.

Приврзаниците на венецуелската опозиција ги одржале своите демонстрации во саботата без Гуаидо, а владините безбедносни сили ги обезбедувале протестите. Собирот минал во релативно мала бројка во споредба со претходните, што претставувал голем удар за опозицијата која побарала замав по неуспешниот пуч.

Главната цел на повикот, кој го упатил Гуаидо, во кој тој необјасниво не учествувал, било да ја убеди воената команда да ја одбие послушноста кон претседателот Мадро и да му се приклучи.

Една од воените инсталации кои Гваидо ја посетил, била базата Generalissimo Airbase Francisco de Miranda, позната како Ла Карлота, источно од Каракас. Базата била главна локација за државен удар на 30 април. И покрај сите напори да влезат во воената инсталација, тие не можеле тоа да го остварат.

Scroll to Top