Мистериозно киднапирање на жена од благородно семејство во Австрија

Австриската полиција во вторникот добила пријава дека постара госпоѓа по име Магдолна Tерезија Отрубај, која потекнува од познатото австро-унгарско благородно семејство, била киднапирана во градот Ајзенштат.

Полицијата, сепак, подоцна соопштила дека таа се појавила во куќата на нејзината ќерка во Тирол во Швајцарија. Полицијата исто така вели дека кај Терезија не биле забележани никакви траги на насилство.

Полицијата се сомнева дека зад киднапирањето на Терезија, која е мајка на Стефан Отрубај, генералниот директор на компанијата „Естрехази“, стои нејзината желба да биде замине за Швајцарија.

Исто така не ја исклучуваат можноста дека се работи за некаков семеен конфликт или расправија која ја имало внатре во семејството. Според наводите на полицијата, Терезија во моментите кога наводно била киднапирана била заедно со медицинска сестра. За време на прошетката, два црни автомобили се појавиле пред нив.

Сестрата била турната на страна, додека старицата била внесена во една од колите. Медицинската сестра ја известила полицијата, која веднаш се пуштила во потрага по старицата. Инцидентот предизвикал голема полициска операција во малиот град во близина на унгарската граница.

Но, подоцна се појавиле премногу детали кои на јавноста ѝ биле нејасни. Медиумите пренесуваат дека старицата доброволно влегла во една од црните коли ѝ дека воопшто не била присилена.

Од самиот инцидент до повикот на полицијата поминале 50 минути. Како наведуваат медиумите, синот Стефан не знаел за желбата на неговата мајка за патување. Сега се поставува прашањето кој ќе ја плати оваа опсежна полициска акција во која биле вклучени 100 луѓе.

Tерезија е мајка на Стефан Отрубај, член на семејството Естрехази, унгаско благородно семејство, чие главно седиште е во градот Ајзенштат во денешна Австрија.

Стефан е директор на фондацијата „Естрегази“, која управува со имотот на семејството. Ова не е првпат членови на ова семејство се соочат со семејни конфликти. Имотот на принцезата Мелинда Естрехази во 2006 година било проценето на 2,3 милијарди долари.

Принцезата во 2002 година го доверила на управата на внукот Стефан Отрубај, а оваа одлука довела до внатрешни семејни конфликти. Како што наведуваат австриските медиуми, роднините од Баварија тврдат дека со години не им било дозволено да ја посетат Мелинда и дека таа била затворена против своја волја.

Scroll to Top