Мистериозно самоубиство на војник во резиденцијата на Берлускони

Италијанскиот војник Енрико де Мати (25) извршил самоубиство во римската резиденција на Силиво Берлускони.

Како што пренесуваат италијанските агенции, војникот влегол во една од бањите во резиденцијата и со службениот пиштол си го одзел животот. Ова е трето самоубиство во единицата со која командува Паоло Раудимо.

Засега не е позната причината за неговото самоубиство. Медиумите пренесуваат дека имал сè што ќе посака, работа, девојка која ја сакал премногу. Неговото семејство држело позната слаткарница.

Тој во интервјуто шт  неодамна го дал по повод својот моден блог на прашањето кој е Енрико де Мати, одговорил:

„Јас сум едноставно и спонтано момче кое сака да се смее. Мојата најголема страст е животот“.

Само неколку месеци подоцна во бањата на резиденцијата на италијанскиот бизнисмен и поранешен премиер Силвио Берлускони Енрико се застрелал во глава со пиштолот.

 

Scroll to Top