Можат ли асимптоматските случаи да го пренесат коронавирусот, научниците со одговори за заразата

By

Дали луѓето без симптоми можат да го пренесат коронавирусот? Ова досега беше едно од многуте прашања во врска со пандемијата, а на кое барем пошироката јавност не го знае одговорот.  На заразените во просек им требаат од пет до 14 дена за да развијат симптоми, пишува српски Курир.

Периодот до развивањето на симптомите се нарекува претсимптоматска или инкубациска фаза. За лицата кои се позитивни на Ковид 19, а немаат симптоми, не можеме да знаеме дали навистина ќе развијат симптоми или не сè додека не ги добијат или не минат 14 дена.

Тогаш речиси е сигурно дека нема ни да ги добијат симптомите. Постоењето на вистинските асимптоматски преносители на вирусот SARS-CoV-2 и понатаму не е дефинитивно потврдено.

Проценките во студиите се движат од 18% до преку 80%, пишува Моника Ганди, американска лекарка и професорка на отсекот за ХИВ, заразни болести и глобална медицина на Универзитетот во Калифорнија.

Најпрецизен начин на кој можеме да го утврдиме процентот на асимптоматски случаи е таканареченото универзално масовно тестирање, во рамки на кое се тестираат и луѓето со симптоми и тие без нив. Потоа пациентите без симптоми се следат за да се провери дали во меѓувреме ги добиле симптомите.

Неодамнешната масовна кампања за тестирање (двоен метод, PCR и на антитела) во Сан Франциско покажала дека 53% од заразените пациенти биле асимптоматски првиот пат кога биле тестирани. Две недели подоцна, при повторното тестирање, 42% од нив останале асимптоматски.

Многу докази покажуваат дека вистинската стапка на асимптоматски случаи се движи околу 40%, смета Ганди, но тој процент го зголемуваат оние кои се всушност претсимптоматски.

Според проценката на Американскиот центар за контрола и превенција на болеста (CDC), ист е процентот на заразата што ја прошириле заразените кои во тој момент сè уште не биле болни, 40%. Токму тоа прави Ковид-19 да биде толку заразен.

„Асимптоматските случаи можат да се сметаат како темна материја на епидемијата“, смета професорот Нил Хол, директор на Институтот „Ерлхам“.

„Ако имаме луѓе кои не знаат дека се болни и користат јавен превоз или здравствени услуги, тоа неизбежно ќе значи зголемување на преносот на вирусот“, додава тој.

Според една студија објавена во угледното списание Science, дури 4 од 5 случаи на заразени од коронавирус во Кина го пренеле вирусот кога не знаеле дека се заразени. Во масовното тестирање на Исланд, 43% од позитивните немале симптоми на болеста во тој момент.
Веќе е потврдено дека претсимптоматските преносители на вирусот можат и тоа како да бидат заразни. Уште повеќе што, според некои докази, најзаразни се токму во фазата од 48 часа, пред појавата на симптомите како висока температура, кашлица, изнемоштеност, губење на мирисот и вкусот, тешкотии со дишењето и други симптоми.
Причината е логична, во таа фаза се шират големи количини на вирусот, а  луѓето сè уште се чувствуваат добро. Претсимптоматските преносители го шират коронавирусот со многу висока стапка, за разлика од носителите на грипот, кои обично не можат да ги заразат другите додека и самите не ги развијат симптомите.
Можат ли да ја шират заразата?
Другите преносители на заразата всушност се или претсимптомски или имаат поблаги или невообичаени симптомии смета Ганди.
„Се обидуваме да добиеме повеќе информации од земјите за да дојдеме до вистинските одговори на ова прашање. И понатаму изгледа дека ретко е асимптоматски поединци навистина да ја пренесуваат заразата“, објаснува Ганди.
Сепак, таа признава дека сè уште не е утврдено колку често асимптомстските случаи ја пренесуваат заразата. Таа додала дека своите тврдења ги темели на студии што ги следеле контактите на асимптоматските случаи и досега не бил утврден пренос.
Коронавирусот е високо присутен во носот и устата, па полесно се шири
„Деталното следење на контактите од Тајван, како и првиот европски синџир на трансмисии, оној во Германија (каде што е утврдено дека коронавирусот се појавил пред да дојде во Италија), сугерираат дека вистинските асимптоматски преносители ретко го пренесуваат вирусот понатаму.
Како тогаш асимптоматските носители можат да ги заразат другите, а при тоа тие остануваат здрави? Клучот е, како што вели Ганди, тоа што SARS-CoV-2 произведува многу поголем број честички во горниот дел од респираторниот систем отколку другите вируси, особено во носот и устата.

Оттука, се разбира, вирусот лесно доаѓа во околината преку респираторните капки и преку плунката и тоа не само со кашлање и кивање, туку и преку говорот, дури и со самото дишење, како и физички контакт или контаминирана површина што другите ја допираат.
Затоа експертите велат дека маските се најдобра алатка против ширењето на вирусот.
Извор/Курир.рс

Ќе ви се допадне