Му наредила на телохранителот да убие човек, сестрата на саудискиот принц заврши на суд

By

Сестрата на саудискиот престолонаследник, Хаса бинт Саламан, е обвинета за напад на еден од своите работници во 2016 година. Таа му наредила на својот телохранител, Рани Саидиу, кој е исто така обвинет, да го претепа работникот Ашраф Еид, откако го забележала како го фотографира нејзиниот луксузен дом во Париз.

Салман ги негирала ваквите обвинувања и не се појавила на закажаното судење. Еид бил повикан да го поправи оштетениот базен, а на истражителите и кажал дека фотографиите му биле потребни за да ја изврши работата како што трба. Принцезата Салман вели дека неговата намера била да ги продаде сликите.

Еид обвинува дека бил врзан и приморан на принцезата да ѝ ги бакнува стапалата. Откако го претепале, му го одземале алатот. Во изјавата која ја дал за француски магазин, раскажал дека принцезата викала да го убијат.

„Убиј го кучето, не заслужува да живее“, наводно принцезата му довикувала на својот телохранител.

Саиди, кој ја следел принцезата на патувањата низ Европа и САД, бил единствениот присутен на првото сослушување. На судењето било и неговото семејство.

„Слушнав како принцезата плаче и бара помош. Потоа го видов Еид како го држи телефонот. Го соборив на земја, затоа што не знаев која беше неговата намера. За 12 години колку што работам како телохранител, имам видено вакви слични работи. Арапите сакаат да прават фотографии, а принцезата им е важна“, изјавил Саиди на сослушувањето.

Принцезата е обвинета за соучесништво во вооружено насилство, во држење на лице против нивната волја и кражба. Уште во декември во 2017 година, издаден е налог за нејзинот апсење во Франција, но службите и понатаму не знаат каде таа се наоѓа.

 

За принцезата Хаси малку се знае. Се верува дека има околу 40 години, а државните медиуми во Саудиска Арбаија ја фалат поради хуманитарната работа и кампањата за женски права.

Од друга страна, нејзиниот брат Мухамед, престолонаследникот, често го има на насловните страни низ медиумите. Иако ги подгреал надежите за големи општествени и економски реформи, кога станал принц во 2017 година, неговата репутација се наруши по убиството на новинарот на Џамал Кашоги, во саудискиот конзулат во Истанбул минатата година.

Голем број луѓе во земјата, но и низ службите на други светски земји, веруваат дека принцот е вмешан и го наредил убиството на новинарот Кашоги.

Ќе ви се допадне