На Алпите убиен поранешен шпион и писател на крими романи

Поранешен француски известувач и автор на шпионски роман, Даниел Форестијер (57) бил пронајден мртов во француските Алпи. Неговото тело било пронајдено во локви крв на локален пат во регионот Горна Савоја, недалеку од Женевското езеро. Полицијата вели дека убиството било дело на професионалец.

Даниел бил зстралан во градите и главата. Убиецот пукал во него пет пати, а убиството било извршено само шест месеци од покренатата истрага против него за улогата која ја имал во планираниот атентат на генералот Фердинанд Мбоа, кој бил жесток противник на претседателот на Република Конго.

 

Форестијер 14 години бил припадник на француската контраизвестувачка агенција DGSE и наводно бил дел од специјалната воена единица која извршувала супер-итни и чувствителни операции. Даниел со својата сопруга и две деца живеел во селото Лусанж.

Неговото тело било пронајдено 15 километри од местото на живеење. Државниот обвинител сметал дека мотивот за убиството треба да се побара во нерасчистените сметки од неговото минато.

Форестијер напишал неколку шпионски романи, но никогаш не говорел за тоа што го правел, иако сите во местото каде живеел знаеле дека е поранешен шпион. Тој таму отворил трафика за продажба на тутунски производи.

Бил и локален советник, но пред покренувањето на истрагата си дал оставка, а на началникот на местото Лусанж Соулат, му објаснил дека тоа го прави од лични причини, кои во иднина детално ќе му ги објаснел.

„Сега ми е јасно зошто си даде оставка. Мислам дека тоа го направи со цел да ја заштити нашата заедница“, изјавил началникот. Нема сомнение дека Даниел настрадал поради одредени случувања од минатото. Тој заедно со уште еден поранешен оперативец, наводно планирале атентат на генералот Мбоа.

Мбоа бил еден од најекспонираните опозициски политичари во Република Конго. Тој во текот на своите 90-те години служел како шеф на обезбедувањето на претседателот Дени Сасу Нгесо. Во егзил бил цели 12 години, а во Република Конго се вратил во 2009 година. На него бил извршен обид за атентат, но за малку ја избегнал смртта.

Покојниот Даниел е обвинет дека бил припадник на криминална организација за поседување на експлозив, а наводно на истражителите им признал дека бил дел од група која требало да го ликвидира генералот кој тогаш живеел во околината на Париз. Подоцна е објавено дека Даниел потврдил дека бил дел од криминални активности.

Генералот изјавил дека од медиумите дознал дека му се подготвува атентат.

„Знам зошто сакаат да ме убијат. Ме предупредуваа и претходно, а исто така и примав пораки во кои ми се закануваа со смрт. Ги предупредив и безбедносните агенции, но тие не превземаа ништо“, изјавил тогаш Мбоа.

Scroll to Top