На парата од 100 долари отсликана силна експлозија која ќе се случи во САД

Група на теоретичари на заговор сметаат дека на книжната пара од 100 долари, може да се видат идните црни сценарија и настани во Америка. Станува збор за уништување на САД, преку испуштање на огромна количина на гас, кој би предизвикал голема нуклеарна експлозија.

Тие тврдат дека со превиткување на книжната пара од 100 долари под одредени агли, се добивала слика од огромен плимен бран, односно цунами, кое ги покрило големите згради. Над него се надѕира радиоактивно небо, во форма на нуклеарна „печурка“ која се појавува по експлозијата.

Ова не е прв пат во јавноста овие лица да тврдат дека на книжните пари можат да се видат идните црни сценарија кои се случиле во Америка. Претходно тие тврделе дека на американската книжна пара од 20 долари, испечатена во 1998 година, се криела тајна порака за уништување на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година.

Scroll to Top