Над 150 компании меѓу кои и „Амазон“ и „Јаху“ имале бенефит преку „шпионирањето“ од Фејсбук

Со години една од најголемите светски компании Фејсбук влегува од скандал во скандал кога станува збор за навлегувањето во приватноста и приватните податоци на голем број на корисници на социјалната мрежа, пишува американскиот весник The New York Times.

Весникот обелодени документи ѝ изјави од вработени во Фејсбук, кои јавно обелоденија за одредени малверзации со кои компанијата на Марк Цукенберг им овозможила на одредени партнерски компании како што се Microsoft Amazon, Spotify, Yahoo, Netflix и други да имаат можност да навлезат во приватноста на милиони корисници.

Марк Цукенберг во моментов се опоравува од серијата скандали поврзани со приватноста на корисниците, кои започнаа во март годинава со објавата дека политичка консултантска фирма, „Кембриџ Аналитика“ неправилно ги користела податоците на Фејсбук за да изгради алатки кои ја поддржаа кампањата на американскиот претседателот Доналд Трамп во 2016 година.

Со најновото истражување на весникот The New York Times сега се покажува дека Фејсбук на некои од најголемите светски технолошки компании им дозволувал поинтрузивен пристап до личните податоци на корисниците отколку што претходно се сметало, ефективно изземајќи ги овие деловни партнери од вообичаените правила за приватност, пишува The New York Times.

The New York Times објави детали од нивната истрага која опфаќа посебните договори кои се детално опишани во стотици Фејсбук документи, добиени од страна на The New York Times.

Евиденцијата, направена во 2017 година од страна на внатрешниот систем на компанијата за следење на
партнерствата, обезбедува најцелосна слика за практиките на споделувањето на податоци од страна на социјалната мрежа.

Преку документите исто така се нагласува значењето на личните податоци како најценета стока во дигиталната ера, со која се тргува во огромни размери од страна на некои од најмоќните компании во Силиконската долина и пошироко.

Добиените документи и направените интервјуа со над 50 вработени во Фејсбук и нивните корпоративни партнери покажува дека надлежните во Фејсбук им овозможиле пристап до дата податоците на корисниците и покрај договорот за забрана. Истрагата покажала дека над 150 компании имале бенефит од ваквото „шпионирање“ на Фејсбук. Со тоа Фејсбук го прекршил договорот за согласност од 2011 година со Федералната комисија за трговија, што и забранува на социјалната мрежа да ги споделува корисничките податоци без претходно да добие експлицитна дозвола, потенцира The New York Times.

Размената најпрво требало да им користи на сите, а притискајќи за да достигне експлозивен раст, Фејсбук добил многу повеќе корисници, зголемувајќи го својот приход од реклами. Фејсбук корисниците станале поврзани со своите пријатели на различни уреди и веб-страници – но, Фејсбук, исто така, добил извонредна моќ во поглед на личните информации на своите 2,2 милијарди корисници – контрола која што ја користел со мала транспарентност или надворешен надзор, додава The New York Times.

Така, Фејсбук му дозволи на Microsoft’s Bing пребарувачот да има увид во имињата на речиси сите Фејсбук корисници без нивна согласност, покажува евиденцијата, додека на Netflix и Spotify им дал можност да ги читаат приватните пораки на корисниците на Фејсбук.

Во интервјуто со директорот за приватност и јавна полиса на Фејсбук, Стив Сатерфилд, е посочено дека ниту еден од партнерите на гигантската социјална компанија не ги прекршила приватните правила и F.T.C. договорот.

Сатерфилд вели дека договорите кои ги направиле со гореспоменатите компании, барале од нив да ги почитуваат политиките на Фејсбук за приватнста. Сепак во интервјуата и изјавите на некои од директорите на Фејсбук, биле признати одредени погрешни чекори кои компанијата ги направила во изминатата година.

„Знаеме дека имаме работа со падот на довербата на луѓето во нас. Тоа е нешто на кое што треба да работиме“, изјавил Сатерфилд.

„Заштитата на информациите на луѓето бара посилни тимови, подобра технологија и јасни политики. Тоа е она на кое ние бевме фокусирани во поголемиот дел од 2018 година. Партнерствата со гигантските партнерски компании исто така е еден од работите на кои сме фокусирани“, дополнил Сатерфилд.

Портпаролката на компанијата на Фејсбук вели дека нема пронајдено докази за злоупотреба на приватните податоци на посочените компании, вклучувајќи ги и Microsoft Amazon, Spotify, Yahoo, Netflix и други.

Таа посочи дека податоците биле користени соодветно, но одбила детално да зборува за договорите за споделување кои Фејсбук ги има со секој корисник.

 

Scroll to Top