Најблиските лажеле за смртта на Брус Ли за да му го заштитат угледот

На денешен ден во 1973 година почина еден од најголемите мајстори на борачки вештини, неповторливиот Брус Ли. Неговата смрт стигна како шок за целиот свет.

Тој почина на 32 години. Многумина заговорници сметаат дека неговите најблиски измислиле верзија за неговата смрт со цел да го заштитат неговиот углед.

Сите работи што се случиле на тој 20 јуни, неговиот последен ден, биле криени од јавноста цели 30 години, а има голем број причини за тоа, велат негови блиски пријатели.

Неговиот последен ден е опишан во биографијата A Life. Брус Ли тоа утро му напишал писмо на американскиот адвокат Адријан Маршал за низата преговори и договори за нови проекти. Кога писмото било испратено, тој заминал во студиото Golden Harvest.

Таму се состанал со Џорџ Лазенбиј, австралискиот Џејмс Бонд, каде што разговарале за неговиот ангажман во филмот „Игра на смртта“. Договорот бил заедно да се најдат на вечера со Рејмонд Чоу за да направат договор.

Брус Ли, по состанокот со Лазенбиј, заминал кај својата љубовница Бети Тинг Пеј. Кај неа Брус Ли пристигнал околу 13 часот. Таму поминал неколку часа.

Брус Ли бил расположен, но не сакал да пие алкохол и други тешки дроги. Бил расположен затоа што работата му врвела. Дури и на својата љубовница Бети ѝ понудил една улога во филм.

Околу 18 часот во нејзиниот стан пристигнал Рејмонд Чоу, но засега останува неразјаснета причината за неговата посета. Глумецот ветил дека ќе се врати бргу во студиото, но се загирал со љубовницата, па се претпоставува дека Рејмонд затоа го посетил во неговиот стан.

„Брус не се чувствуваше најдобро. Исто и јас. Испивме вода, а тој почна да глуми. Секогаш уживаше во глумењето. Тоа го исцрпе. Јас се напив малку вода, но потоа и двајцата почнавме да чувствуваме замор и малаксаност. Тој беше целиот исцрпен“, изјавил Чоу.

Ли набргу потоа се пожалил на главоболка. Се наближуваше времето за вечера, а неговата главоболка стануваше посилна. Брус му кажал на Чоу дека сака малку да се одмори, а Бети му дала лекови против болки, кои и претходно ги пиел. Заминал во спалната соба, каде што заспал.

Бети останала во дневната соба да гледа телевизија. Рејмонд во 19.45 часот тргнал по Лазенбиј за да го однесе во јапонски ресторан. Го чекале Брус, но тој не дошол. Ја побарале Бети, а таа им објаснила дека Брус спие. Ѝ се јавиле повторно околу 21.30 часот.

Бети им соопштила дека Брус сè уште спие и дека ќе се обиде да го разбуди. Кога влегла во собата, забележала дека тој не реагира. Веднаш го повикала Рејмонд за да ѝ помогне да го разбудат.

Рејмонд веднаш го повикал истиот лекар кој го спасил Брус Ли два месеца претходно кога глумецот за малку ќе починел од церебрален едем. Не можејќи да го добие докторот, тој се упатил во станот. Го затекнал Ли како лежи на стомакот, а Бети покрај него била во шок.

Се обиделе да го разбудат, но Чоу сфатил дека веќе е доцна и дека Ли е починат. Најпознатиот мајстор за борачки вештини и славен глумец лежел мртов во својот кревет покрај својата љубовница. Бети и Чоу биле единствените сведоци.

Знаејќи дека од ова бргу ќе избувне голем скандал, одлучиле да заминат од станот. Рејмонд имал идеја да го префрли Брус Ли во неговиот стан, кој се наоѓал во близина, но на крајот се откажале од оваа идеја и повикале лекар. Се обидувале да го оживеат десетина минути, но било доцна.

Рејмонд му објаснувал на докторот за каква тешка ситуација станува збор, но докторот не сакал да го прифати неговиот предлог да го однесат во болница, туку повикал итна помош.

Рејмонд на Бети ѝ забранил да коминицира со медиумите, а потоа ја повикал сопругата на Брус Ли, Линда. Тој ѝ кажал дека глумецот починал од истата состојба што ја доживеал во мај.

Линда во болницата стигнала 15 минути пред итната помош. Лекарскиот тим се обидел да го оживее глумецот масирајќи му го срцето.

„Никогаш не помислив дека Ли може да умре или дека веќе е мртов“, изјавила Линда подоцна за медиумите.

Веста за неговата смрт се раширила со неверојатна брзина. Новинарите се обидувале да дознаат што навистина се случило. Многу луѓе биле собрани пред неговата куќа, а Чоу бил принуден да ја заштити Линда.

Тој ја сместил кај лекарот на Брус Ли, Лангфорд, кој живеел во близина. Полицијата пристигнала следниот ден во станот на Бети. Не откриле никакви знаци на борба, а како докази зеле три чаши од масата, како и кутија лекови.

Бети дала изјава, а според тоа што и Рејмонд им го кажал на полицијата, медиумите пренеле дека и двајцата претходно добро се подготвиле. Линда полека почнала да се распрашува за љубовницата. Го прашувала лекарот Лангфорд дали знае нешто за неа, а тој негирал.

Почнале да прават договор за тоа што ќе им пренесат на медиумите. Се подготвувале за изјава, а договорот бил да кажат дека Брус починал додека се шетал со сопругата околу градината.

„Брус Ли почина од акутен церебрален едем, чија причина засега е непозната“, изјавиле преку официјално соопштние од болницата.

Со измислена верзија за неговата смрт сакале да ги заштитат неговиот углед, Линда и децата. Знаеле дека тоа тешко ќе помине во јавноста, но сакаа да купат барем малку време.

Лажната изјава траела три дена. Новинарите нашле екипа на итната помош. Го наговориле возачот да каже каде бил Брус Ли. Така, Рејмонд станал цел на медиумите, а потоа и љубовницата на Ли, Бети.

Рејмонд тврдел дека во куќата на Ли пристигал околу 15 часот. Таму работеле на сценариото до 17 часот, а потоа заминале во станот на Бети за да ја наговорат да глуми во неговиот филм. Тоа беше работа и ништо друго. Бети и Брус биле само пријатели.

Другото е малку или повеќе слично на она што навистина се случило. На Брус Ли му се слошило и му биле дадени лекови. Тој заминал да се одмори во неговата соба. Сè уште бил жив кога Рејмонд пристигнал. Повикале итна помош, која го однела во болница.

Таму службено неговата смрт ја потврдиле во 23.30 часот. Ваквата верзија за смртта на Брус Ли се продавала 30 години. По неговата смрт, била извршена аутопсија.

„Задушувањето и едемот на мозокот биле причина за смртта на Брус Ли. Застојот на белите дробови и на другите органи покажуваат дека, најверојатно, едемот првин ја спречил респираторната функција, додека срцето и понатаму пумпало крв во артериите, кои се прошириле поради недостиг на кислород. Едемот, конечно, предизвкал запирање на работата на срцевиот центар во мозокот и го запрел работењето на срцето“, бил заклучокот на лекарите.

Едемот го убил, но никој не знае од што бил предизвикан. Многумина се сомневаат дека бил отруен од лековите затоа што во желудникот биле најдени траги од таблети Equagesic и канабис.

Неговите многубројни обожаватели не можеле да го прифатат фактот дека некој толку млад и во таква физичка форма починал. Така се родија многубројни теории на заговор за неговата смрт.

По комеморацијата во Хонгконг, Линда најави дека ќе биде погребан во Сиетл.

„Лично не сметам дека некој е одговорен за неговата смрт. Единствено што е важно сега, е што него го нема и дека нема повеќе да се врати“, изјавила таа за медиумите.

Многумина за неговата смрт ја обвиниле љубовницата Бети, која животот му го претворила во пекол.

„Ми се чини дека многу луѓе посакуваа да умрам. И ако тоа се продолжи, јас повеќе не сакам да живеам. Брус е мртов и зошто, едноставно, не остане на тоа?“, изјавила Бети за „Чајна стар“.

Многу обожаватели сметале дека таа знае нешто што другите не го знаат и дека можеби е одговорна за неговата смрт. Во Хонгконг била поставена бомба со натпис „Бети ја знае причината за смртта на Брус Ли“.

Се утврдило дека станува збор за измама, но во текот на следните недели биле поставени уште неколку бомби со прака: „Одмазда за Брус Ли“.

Таквата состојба била загрижувачка за британската колонијална власт затоа што стравувале од конфликт со прокомунистичките кинески радикали, кои сакале да ги истераат од земјата. Затоа наредиле детаљна истрага за смртта на Брус Ли.

Scroll to Top