Најголемите победници и губитници од коронавирусот, какви промени го чекаат светот

Пандемијата на коронавирусот буквално го забави светот, ги затвори луѓето во нивните домови, го запре начинот на живот на кој сме навикнале и не потсети уште еднаш на тоа колку сме мали и немоќни пред невидливиот непријател. Малкумина беа подготвени на ситуацијата која не снајде и промените кои следеа.

Многумина предвидуваат дека глобалната состојба, потикната од пандемијата на коронавирусот, ќе се најде во историските настани како што е Големата депресија или глобалната финансиска криза од 2008 година, поради што секако е оправдан стравот од друштвените и економски промени кои не чекаат.

Научниците ширум светот се обидуваат да најдат лек за болеста „Ковид-19“, но се поставува прашањето што не чека во моментот кога ќе го победиме опасниот вирус и ќе се соочиме со светот кој го оставивме на чекање.

Изолацијата во домовите и затворените трговии резултирале со зголемен интерес за онлајн и безконтактна продажба и купување, па затоа се предвидува дка, барем краткорочни победници од оваа ситуација, би требало да бидат оние кои робата и услугите ги даваат без потреба да стапат во физички контакт со своите купци.

Победници во оваа категорија секако би можеле да бидат и давателите на услуги, cloud computing услугите како „Зума“, „Мајкрософт“ и останатите компании за виртуелна стварност како што се „Окулус“ и „Нетфликс“.

Прометот на социјалните медиуми ќе порасне, но приходите од огласувачите ќе трпат поради слабата пбарувачка и нарушените економии, пренесува порталот „Бука“.

Во краток рок, можат да се издигнат и пружителите на услуги во е-купувањето, како и доставите на храната и основните потребни намирници. А, кога економијата на крајот ќе се подобри, позитивните ефекти за оваа група воглавно ќе потраат благодарение на досегашните вкоренети навики на купците.

Многумина од нас веќе се навикнаа да работат од дома. Многумина се трудиме да не бидеме на компјутер во пижами и неисчешлани, а онлајн начинот на работа, сега е веќе прифатен како единствена можност. Причината за тоа веројатно е потсвесната надеж дека наскоро сите ќе се вратиме на своите работни места.

Сепак излегувањето од пандемијата, за некои од работодавците би можел да биде знак да се обидат и понатаму да ги остават своите работници да работат од дома.

Технолошката работа од далечина, веќе сега е поприлично унапредена, па работниците, но и работодавачите сега имаат можност да ја извршуваат работата и да комуницираат преку онлајн платформите, па не би било за изненадување, овој стил на работа да стане примарен.

Од друга страна тоа би можело да предизвика сериозен удар на пазарот за деловни недвижности, бидејќи многу сектори би можело да имаат квантитативно помала потреба за физички работни места.

Начинот на работа од дома би можел да доведе до егзодус на работници од големите градови и до нивно преселување во помалите населени подрачја со пониски трошоци за живот.

Бројните компании, за да ја преживеат економската и финансиската криза, ќе мораат да отпуштат одреден број и на помали продуктивни работници и да го автоматизираат она што може да се автоматизира, но таквиот облик на работа претпоставува и бројни знаења кои работодавците и работниците ќе мораат да располагаат во нивната економија по кризата.

Долгорочно гледано, голем број на компании би можеле да увидат дека работите кои ги извршуваат на далечина, можат да ги извршуваат високо квалификувани работници во земјите со ниски трошоци. Накратко, работите прво ќе се преместат од работните во домашни услови, а со време ќе се префрлат од поодалечените домашни позиции на прекуморски места.

По изегувањето од кризата и медицината каква што денес ја познаваме ќе се промени. Телемедицината би можела да стане нов нормален стандард. Лекарите во САД веќе уште сега извршуваат далечински посети преки државните линии и можат да испраќаат мејлови и преку видео повици да разговараат со пациентите.

Давателите на здравствено осигурување сега мораат да ги плаќаат услугите на телемедицината. Иако овие мерки се најавени како привремени, тие кои сега имале искуство од прва рака, со погодностите и економичноста на телемедицината, нема да им биде лесно да се одвикнат.

Телемедицината ќе се подобрува и ќе се проширува. Ќе се прават подобри тестирања и дијагностики во домашни услови, ќе се усвојуваат преносливите производи кои континуирано ги с ледат појавите на симптомите.

Пандемијата ги присили голем број на Универзитети, наставата да ја прeформулираат во онлајн формат, а овој стил на предавања на студентите би можеле да ги натера да размислуваат зошто воопшто мораат да плаќаат за академска година и студентски живот во друг град.

Универзитетите во тој случај ќе се соочат со притисокот да ги намалат своите трошоци за да можат да пронајдат излез во хибридниот модел на наставата ќе ја сведат на онлајн задачи, проекти и формирање на студентски работни групи. Тоа драматично ќе ги намали трошоците, а истовремено на најдобрите инструктори ќе им овозможи да своето знаење го насочат на повеќе ученици.

По завршувањето на пандемијата, се предвидува дека луѓето, но и робата пмалку ќе се движат, што би можело да доведе до пропаѓање на меѓународната трговија. За да ги засилат своите способности на преживувања, за време на долгите периоди на економска самоизолација, владите во голем број земји ќе се обидат да ги засилат домашните производствени капацитети.

Корпорациите ќе ја фаворизираат отпорноста на централизираниот домашен ланец на набавки, во однос на делотворноста на глобализираните. Воздухопловните компании, угостителството и туризмот ќе доживеат силен пад на побарувачкиот тек, непосредно и по кризата.

По почетното повлекување на глобализацијата, голем број земји би можеле да ги откријат своите реални технолошки и вирусни закани, поради што излезот од проблемот би можел да го најдат во меѓународната соработка. Усвојувајќи го чувството на прагматичен интернационализам, земјите би развиле меѓународни норми, системи на следење и изестувања, како и координирани планови за реагирање и кризни ситуации.

Координираните глобални договори, во период на следната пандемија, би предизвикале наредбите во самоизолација да бидат поефикасни, а истовремено би се скратиле економските прекини.

Scroll to Top