Напад на Трамп, смртоносен пакет за американскиот претседател

Пакет кој содржи отровен рицин, му бил испратен на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.

За среќа пакетот бил навреме пресретнат од органите на редот и безбедносните служби. ФБИ и американската тајна служба, овластени да го штитат претседателот, покренаа истрага за случајот.

Двата направени теста потврдиле дека станува збор за пакет во кој имало рицин, се додава во извештајот.

Пакетот рицин го пресретнале органите пред да стигне до Трамп, известува „Си-ен-ен“. Пакетот бил испратен на почетокот оваа недела. Бил пресретнат пред да стигне до поштенската соба во Белата куќа.

Пакетот го истражуваат ФБИ и Тајната служба, а деталите засега не се објавени. Не е познато кој го испратил, но едно официјално лице од Белата Куќа, за „Њујорк тајмс“, објави дека пакетот бил испратен од Канада.

Scroll to Top