Нарушено здравјето на Трамп, претседателот со мистериозен фластер на раката

Меѓу теоретичарите на заговор се развила голема дебата за здравјето на Доналд Трамп, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од американскиот претседател со залепен фластер на десната рака.

Во групата „доктори во фотелји“, голем број лица се обидуваат да откријат какво е значењето на овој мистериозен фластер. Фотографиите поттикнаа нов вид на заговор на социјалните мрежи, поттикнати од бројните фотографии кои кружат на интернетот.

Здравјето на Трамп, кој во јануари 2017 година стана најстариот американски претседател, кој ја превземал должноста на 70 години, со посебен интерес и важност го следат медиумите од неговата изборна кампања.

Новинарот на „Фокс њуз“, Шон Ханти објавил фотографија од американскиот претседател со наводно замачкан завој за време на посетата на границата на САД со Мексико.

Фластерот исто така бил видлив на раката на Трамп и во понеделникот, кога тргнал на пат од Вашингтон кон Њу Орлеанс. Неколку дена подоцна фластерот исчезнал од неговата рака. Сепак многумина теоретичари на заговор побрзале да го испитаат внимателно фластерот, а некои од нив заклучиле дека тоа е доказ за нарушеното здравје на американскиот претседател. Некои дури и изразиле сочувство кон Доналд Трамп.

Други биле само саркастични, шегувајќи се за неговата љубов кон брзата храна и можното влијание која таа го има на неговото здравје. Имало и такви кои се труделе дека Трамп бил дел од некаков вид на крвна заклетва која се случувала за време на интервјуто со Шон Ханити за „Фокс њуз“, кој исто така во тоа време имал фластер на раката.

Тогаш водителот се оправдал дека се повредил за време на вежби во боречки вештини. Коментирајќи ги гласините, Белата куќа соопштила дека Трамп едноставно ја повредил својата рака додека си играл со својот син Барон. Сепак некои корисници одбиле да поверуваат во оваа приказна.

Дебатата за фластерот се распламнала по точно година дена откако докторот Рони Џексон потврдил дека здравјето на Трамп е во одлична состојба и дека тој може да ги извршува своите должности до крајот на својот мандат, но и потенцијално за уште четири години, ако биде повторно избран за претседател на САД.

Здравствената состојба на претседателот била предмет на јавен интерес од неговата предизборна кампања, откако некои американски медиуми шпекулираа за неговото физичко и ментално здравје, сугерирајќи дека треба да си даде оставка или да биде приморан да ја напушти позицијата претседател на Америка.

Scroll to Top