НАСА со „камиказа“ сонда ќе ја спасува планетата од астероид

Научниците во НАСА велат дека со камиказа сонда имаат намера да ја спасуваат планетата од астероидите кои претставуваат потенцијална закана за планетата Земја. Тие велат дека направиле тест кој имал одбрамбена стратегија и велат дека нивната цел е да ја променат траекторијата на астероидот.

Наредната година, американската Национална управа за воздухопловство и вселена, ќе ја лансира сондата, Double Asteroid Redirection Test (DART),  која со камиказа маневар ќе се обиде и во пракса да го промени патот на астероидот кој орбитира во близина на планетата Земја.

Ударот на астероидот во Земјата би можел да остави катаклизмични последици по животот на нашата планета, нешто што го доживеале и диносаурусите во минатото. За да не поминеме како нив, агенцијата за истражување на вселената, работи на решение кое би можело да не спаси од ваквото сценарио.

Ако астероидот кој има потенцијал да предизвика голема катастрофа, се насочи кон Земјата, најдобар начин да ја заштитиме нашата планета од овој напад е да му го промениме правецот на движење.

Истражувачите на планетарната одбрана од Националната лабораторија Lorens Livermor напоменуваат дека мала е веројатноста воопшто да дојде до ваков настан во наредните децении, но дека тоа би предизвикало несогледливи последици доколку сепак ја погоди Земјата.

„Недостатокот на време се чини дека е нашиот главен непријател доколку еден ден забележиме дека нешто се движи кон нас. Можеби нема да имаме доволно време за да му го промениме правецот и затоа мораме да бидеме сигурни дека можеме да спречиме катастрофа. Тоа е основната тема на овој труд“, објаснува раководителот на проектот, Тане Ремингтон.

Научниците направија низа на симулации за да утврдат кои параметри се најважни за точно планирање на сценаријата од ударот на астероид. Утврдиле дека начинот на кој астероидот удира во некој објект и силата на тој објект, имаат значајно влијание на големината на кратерот кој ќе настане, како импулс кој ќе се пренесе на него.

Ова откритие ќе им помогне да ја прилагодат својата мисија со сондата Double Asteroid Redirection Test (DART), предвидена за 2021 година. Во оваа операција ќе биде погоден помалиот од двата астероиди во бинарниот астероиден систем Didimos кој кружи околу Земјата, за да се утврди дали ќе ја промени неговата орбита.

Новото истражување утврдило дека мисијата DART ќе има многу помало влијание на астероидот, отколку што претходно се пресметало. Коавторот на трудот, Мајкл Овен напоменува дека тоа би можело да има значителни последици.

Мисијата на НАСА, DART, која би можела да се преведе како „стреличка“, има за цел да го лансира ваквиот објект на 22. јули наредната година. Нејзината цел е да се проучи ударот во астероидот додека се движи, пренесува RTS.

Конкретно DART ќе се упати кон веќе споменатиот бинарен астероид од системот Didimos, кој не претставува закана по Земјата, но е добра мета за тестирање. Поголемиот астероид во системот Didimos A е со пречник од 780 метри, додека пречникот на помалиот Didimos B изнесува околу 160 метри и тој ќе биде мета на DART.

За да стигне до него, ќе му бидат потребни два месеци, да мине далечина од 11 милиони километри. За да премине толкаво растојание, за толку брзо време, ќе биде користен јонски мотор Evolutionary Xenon Thruster-Commercial (NEXT-C).

Јонскиот погон не функционира по принципот на согорување како типичен ракетен мотор. Горивото кое го користи е гас-ксенон. Во дуплиот решеткаст систем, млазот гас минува електрично поле, а јоните во него драстично се забрзуваат, со што постигнуваат голема импулсна сила.

Кога DART ќе стигне до бинарниот астероиден систем ќе има и придружба. Италијанската агенција за истражување на вселената испраќа летало LICIA, која од DART ќе се одвои пред сударот за да направи фотографии од колозијата и да ги испрати назад на Земјата.

Сударот со Didimos B се очекува да ја промени неговата орбитална брзина, за околу половина милиметар по секунда. Иако не делува многу, промената ќе биде доволна за да влијае на неговиот ротационен период за да биде детектирана од телескопите на Земјата.

Освен тоа, сударот би требало да направи кратер со пречник од 20 метри на површината на астероидот. И покрај тоа што DART ќе биде уништен, Европската агенција за истражување на вселената, планира до 2024 година, да испрати мисија по името Hera, која детално од блиску ќе го испита Didimos B и последиците од сударот.

На себе ќе носи инструменти кои на нас ќе ни овозможат да дознаеме повеќе за природата на бинарните астероидни системи и нивната внатрешност. Но, со оглед на тоа дека ова е исклучително тешко да се тестира на вистински астероиди, спроведувањето на експериментите е од суштинска важност за разбирање, колку овие обиди ќе бидат ефикасни и што би се случило со одбиениот астероид.

Scroll to Top