Научници од НАСА предупредуваат дека Земјата се ниша

Новото истражување направено од светски научници покажува дека Земјата се ниша за време додека се врти околу својата оска. Научниците на НАСА сметаат дека за ова се виновни луѓето.

Експертите веруваат дека топењето на поларниот лед, и забрзаното согорување на фосилните горива, игра важна улога во исфрлањето на Земјата од рамнотежа.

Научниците од лабораторијата на НАСА за млазен погон во Калифорнија, идентификувале два главни фактори кои влијаат на ротацијата на планетата.

Првата од нив е резултат на поместувањето на тектонските плочи на површината на планетата. Друга прочина е топењето на ледот, особено на Гренланд, кој се смета за 33% од ефектите на нишањето. Овој процес се забрзува со вештачкото загревање на околината од страна на човекот.

Scroll to Top