Научници тврдат дека вонземјаните немаат зелена боја

By

Истражувачки труд направен од двајца научници од Универзитетите во Мериленд и Калифорнија, сугерира дека лаванда е бојата која би можеле да ја имаат вонземјаните.

Имено двајцата велат дека обликот на живот на вонземјаните би можел да се создаде на идентичен начин на кој што тоа се случило со зелените билки на нашата планета уште во раната фаза на формирање на Земјата.

Тие за да се развијат ги користат сончевите зраци за енергија по што ја добиле зелената боја, тврдат научниците.

Шиладит Дасарм од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд и ч Едвард Швитерман од Калифорнискиот универзитет во Риверсајд, велат дека науката веќе има начин како да го открива зелениот живот во вселената и на новооткриените планети, но можеби е време и да се почне да се бара виолетова боја.

Идејата дека Земјата во раната фаза имала виолетова боја, не е нова. Дасарм и неговите колеги ја развиле оваа теорија уште во 2007 година.

Без оглед дали првиот живот на Земјата бил виолетов, јасно е дека животот во боја на лаванда одговара на некои организми. Швитерман и Дасарм тврдат дека вонземјанскиот живот може да ја користи истата стратегија.

Ќе ви се допадне