Научници замрзнале 199 тела на луѓе кои починале од неизлечиви болести, велат дека можат да ги оживеат

Тела од луѓе кои починале од тешки и неизлечиви болести, се чуваат во една компанија во Скотсдејл во Аризона, во која научниците сакаат да ги оживеат во иднина. Станува збор за луѓе кои одлучиле да бидат криогенски замрзнати, со надеж во иднина, кога науката ќе напредува, да бидат оживеани.

За да бидат замрзнати, лицата мораат да бидат прогласени за мртви, а потоа се приклучуваат на апарати за одржување  живот, за органите да не им откажат. Телото се става во лед, а потоа се чуваат во некаков вид на капсула во која температурата е 196 степени под нулата.

Компанијата наведува дека станува збор за луѓе, за чии болести лекот сè уште не е пронајден. Најмладата личност меѓу нив е двегодишно женско бебе од Тајланд кое починало од рак на мозокот кога имало само две години.

„Двајцата нејзини родители се лекари. Ѝ направија повеќе операции на мозокот, но, за жал, ништо не делуваше за подобрување, па на крајот нè контактираа“, рече Макс Мор, директорот на Alcora, непрофитна организација која е светски лидер за криогенски замрзнувања.

Станува збор за постапка на чување на човечкото тело на екстремно ниски температури, сè до пронаоѓањето на лекот. Целата постапка почнува кога лицето ќе биде прогласено за мртво. Крвта и другите телесни течности се отстрануваат од телото на пациентот и се заменуваат со хемикалии кои оневозможуваат кристализација на клетките. Кога тоа ќе се направи, телата се ставаат во капсула со течен азот.

Од безбедносни причини, телата се превртени наопаку, доколку истече апаратот на врвот на капсулата, последна што би било погодена е главата. Статистиката покажува дека сè повеќе има заинтересирани за нивното тело да се чува во криогенска капсула, а цената на оваа постапка изнесува 200.000 долари. 

Постојат бројни научници кои сметаат дека ова е целосно неуспешен метод за да се зачува животот. Едно од нивните образложенија е дека постапката на замрзнувања се прави откако лицето ќе биде прогласено за мртво и дека сè уште не постои случај во кој некој е вратен во живот назад.

Вториот проблем е моментот на ладење на екстремно ниски температури, со што се создаваат ледени кристали кои со својот обем се поголеми од водата во организмот и го уништуваат организмот од внатре.

„Идејата за замрзнување на телото или органите за иднина е прилично наива. Се чини дека во тоа веруваат луѓе кои се специјализирани за проучување на далечната иднина или оние кои ги сакаат вашите пари за да ја поддржите финансиски постапката“; рече Артур Кеплан од Медицинскиот факултет во Њујорк.

 

 

Scroll to Top