Научниците на НАСА открија црна дупка во вселената

By

Научниците на НАСА открија црна дупка, таканаречен „космички убиец“, кој би можел да биде долгоочекуваната карика која ѝ недостасуваше на науката во разрешувањето на една од мистериите на вселената.

Како што пренесува „Индипендент“ црната дупка е пример за објект на „средна маса“, нешто за што научниците долго време знаеле дека постои, но досега немале доволно убедливи докази за тоа.

Досега се немало убедлии докази да се донесе одлука, дали блесокот кој бил забележан, доаѓа од внатре или надвор од нашата галаксија.

Астрономите единствено се сомневале дека веројатно истата е предизвикана од ѕвезда, која се поделила кога премногу се доближила до „моќниот објект“, како што е црната дупка.

Научниците биле изненадени кога откриле дека блесокот не потекнува од центарот на галаксијата, место од каде се очекувало да се наоѓа таква масовна црна дупка. Тие на почетокот исто така сметале дека една поголема ѕвезда би можела да уништи црна дупка со средна маса.

Новото истражување кое е направено е најдобриот доказ кој досега научницит его откриле за ваквиот вид на црни дупки со средна маса, кои досега биле мистерија.

Црните дупки се околу 50.000 пати поголеми од нашето Сонце, помали од супермасовните црни дупки кои го создаваат јадрото на големите галаксии, но повеќето од нив се формирани со уништување на масовните ѕвезди.

Научниците и претходно имале докази за постоењето на таквите црни дупки, но новото откритие е најубедливиот пример за ваквиот феномен. Астрономите собираат нови докази дека црнат адупка е одговорна за она што во НАСА го нарекуваат „космичко убиство“.

Таа е забележана кога била уништена ѕвездата, која поминувала покрај неа, што им укажало на научниците за нејзиното постоење.

За да ја забележат, астрономите морале да користат две рендгенски опсерватории, една од НАСА, а втората од Европската вселенска агенција, како и вселенскиот телескоп „Хабл“.

Со комбинацијата на трите сателити, научниците успеале да испратат силен блесок на ренгенски зраци до нивниот веројатен извор.

„Црната дупка со средна маса е многу несватлив објект и затоа е клучно важно да се разгледа и да се исклучат алтернативните објаснувања за секој кандидат. Тоа е она што „Хабл“ ни овозможи да го направиме за нашиот кандидат“, изјавил главниот истражувач на студијата Даченг Лин од Универзитетот во Њу Хемпшир.

Наговестувањата за можноста на постоење на црната дупка, првпат се откриени во 2006 година, кога ренгенските зраци на опсерваториите, забележале силен блесок на три зраци, кои стигнувале од некој дел на вселената.

Ќе ви се допадне