Научниците од НАСА со теорија дека животот на Земјата стигнал од вселената

By

Научниците веруваат дека животот на Земјата почнал од вселената. Тие велат дека откриле молекули на шеќер на два различни метеори. Ваквото откритие покажува дека животот на нашата планета се развил со помош од вселената. Една од пронајдените соединенија е рибозата, клучна состојка на рибонклеинската киселина.

Ова го навел стручен тим составен од научници од НАСА и три јапонски универзитети. Научниците истакнуваат дека се превземени мерки на внимание, за да бидат сигурни дека не е во прашање проста контаминација на примероците. Атомите најдени во молекулите на шеќер од метеорите, се поинакви од оние на Земјата.

Научниците се надеваат дека нивните откритија ќе можат да ги споредат со примероците на јапонската сонда Hajabus 2, која успеала да слета и да земе примероци од астероидот Рјугу. Таа сега е на пат кон земјата.

Научниците не нашле шеќер кој ја сочинува ДНК, но рибозата е клучна состојка на RNK, која веројатно прва се развила во еволутивната историја, велат од НАСА.

„Истражувањето ги покажува првите директни докази дека рибоза има во вселената и дека таа го донела шеќерот на Земјата. Вонземјаниот шеќер можеби допринесол за формирање на RNK на нашата планета, што потенцијално може да доведе до развој на животот“, изјавил лидерот на истражувањето Јошихиро Фурукава од Универзитетот „Тохоку“.

 

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV the god of high school animetv: Kuroko's Basketball 2 (https://animetv.cc/m/Gyp) Episode 25

AnimeDao the daily life of the immortal king animedao: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 Episode Full (https://animedao.nl/m/nXJK/ep-1)