Научниците убедени дека коронавирусот се шири преку воздухот

Научниците убедени дека коронавирусот се шири преку воздухот, пишува Курир.рс. Доколку е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за неговото спречување.

„Њујорк тајмс“ наведува дека новите мерки подразбираат носење маска во затворен простор, дури и ако се почитуваат мерките на физичко растојание.

Група од 239 научници од 39 земји оваа недела во научно списание ќе објават отворено писмо до Светската здравствена организација за ОН да ги ревидира препораките за тоа како да се избегне инфекцијата на коронавирусот.

Научниците тврдат дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, што значи дека честичките од тој вирус може да лебдат во воздухот и во затворени простори и дека луѓето може да се заразат кога ќе го вдишат.

Ставот на СЗО е дека вирусот се шири првенствено од личност на личност преку малите капки што ги исфрламе од носот или устата и кои се разнесуваат кога заразените со Ковид-19 кашлаат, киваат или зборуваат.

Доколку вирусот се пренесува преку воздухот, последиците од неговото спречување ќе бидат значајни. Како што објаснуваат научниците, новите превентивни мерки вклучуваат носење маски во затворен простор, дури и ако се почитуваат мерките на социјално растојание.

Исто така, ќе биде задолжително носење маски од типот N96 за здравствените работници што се грижат за заразените пациенти со цел да се филтрираат и најмалите респираторни капки.

Според тоа, вентилациските системи би морало да се променат за да се намали циркулацијата на воздухот. По прегледите на интерните имејлови и интервјуата со 20 научници, меѓу кои и со консултанти во СЗО, се добива впечаток дека агенцијата иако има добри намери, некако не оди во чекор со науката.

„Њујорк тајмс“ наведува дека неодамнешниот пораст на бројот на жртви од коронавирус, по повторното отворање на компаниите и канцелариите, сè повеќе го потврдува она што многу научници го говорат веќе неколку месеци.

Вирусот се задржува во воздухот во затворен простор инфицирајќи ги сите што се наоѓаат во негова близина.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top