Не им се важни животите на патниците, по двете несреќи „Боинг“ пак ќе крати на трошоци

By

На главниот и извршен директор на авиокомпанијата „Боинг“, Денис Муленбург, не му се приоритет животите на патниците во авионот, пишуваат светските медиуми. И покрај двете несреќи настанати по нивна грешка, а во кои загинаа 346 лица, од компанијата повторно размислуваат да заштедат на безбедноста.

Муленбург јавно признал дека компанијата направила грешка во ракувањето со проблематичниот систем на предупредување во кокпитот во авионот „737 Макс“, а како резултат на тоа се срушија два авиони, несреќи во кои загинаа 346 патници. Муленбург подоцна ветил транспарентност во идната работа на компанијата.

Американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство, ја обвинила компанијата „Боинг“ за тоа што повеќе од година дена не ги известила регулаторите дека индикаторот за безбедност во кокпитот на „Макс авионите“, не функционирал како што треба.

Но, во период кога службите од компанијата повторно се обидуваат да ги кренат во воздух приземјените авиони од типот „737 Макс“, челниците како да се обидуваат повторно да заштедат, на сметка на животите на патниците, пишуваат светските медиуми.

И покрај ваквото признанието за грешка на компанијата, во јавноста излезе извештај според кој „Бониг“ размислува да ги заемени вообичаените физички тестови за дигитална симулација на летовите.

„Ројтерс“ наведува дека компанијата планира да го намали бројот на часови на тестирање на моделот „777 икс“, и наместо него да воведе компјутеризиран симулаторен стрес, кој би го претставила Федералната авијациона администрација на САД, која и ги издава сертификатите за безбедноста на летањето.

Од компанијата „Боинг“ се надеваат дека на овој начин ќе ги намалат трошоците. Според наводите на „Ројтерс“, на големо е започнат процесот на лобирање за нивниот предлог биде прифатен.

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven animeheaven dragon ball super: One Piece (https://animeheaven.pro/m/2z1) Episode 969

4Anime watch anime free: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (https://4anime.biz/m/ggVk) Episode 26