Не постои чудовиштето Неси од Лох Нес, за научниците тоа е голема јагула

Научникот и професор Нил Гемел од Универзитетот „Отаго“ од Нов Зеланд, вели дека ја открил мистеријата за чудовиштето од Лох Нес. Гемел вели дека по собраните ДНК анализи, неговиот тим на истражувачи утврдиле дека станува збор за џиновска јагула.

Тимот на Гемел собрал преку 250 примероци од водата. Меѓу примероците земени се сегменти од кожа, перја, крзно, измет и урина во езерото.

„Добивме преку илјада пријави за сведоштва на невообичаени работи во езерото Лох Нес. Ваквите пријави биле поттикнати од приказните за чудовиштето кое живее во морските длабочини. Нашите истражувања ги отфрлија повеќето од овие теории, но една остана прилично извесна“, изјавил Гемел.

На крајот на истражувањето, тимот соопштил дека чудовиштето Неси најверојатно е џиновска јагула. Професорот објаснил дека за време на истражувањето, тимот нашол неверојатна голема количина на ДНК од јагула.

Она што не можеле да утврдат е тоа дали станува збор за џиновска јагула или голем број на мали јагули. Сепак, како што додал Гемел, теоријата за џиновската јагула е поприфатлива.

Научниците не можеле да најдат докази за теоријата дека во езерото живее чудовиште, древен рептил со долг врат од типот на плесиосаур. Езерото Лох Нес инаку е најголемото и второ по длабочина резервоар со слатка вода во Велика Британија.

Scroll to Top