„Не се сеќавам на тие жени, сè е заговор“ – принцот Ендру за случајот со педофилија и Епстајн

Принцот Ендру, синот на британската кралица Елизабета Втора и брат на принцот Чарлс, ги отфрли сите обвинувања на негова сметка за поврзаноста со милијардерот Џефри Епстајн и неговата вмешаност во педофилија.
Принцот ги карактеризира ваквите обвинувања како неточни, шпекулации и заговори кои се водат против него.
Ендру со месеци беше обвинуван дека е вмешан во аферата со педофилија, скандал од кој на крајот Џефри Епстајн заврши во затвор во Њујорк, каде се обеси додека го чекаше почетокот на судењето.

Епстајн и претходно беше обвинет за педофилија, по што одлежа и затворска казна. Судот во 2008 година го осуди милијардерот за заведување и искористување  малолетна девојка на Флорида.
Принцот Ендру откако заврши на насловните страници на сите светски таблоиди поради сведоштвото на Вирџинија Робртс, вели дека морал и самиот тој да излезе во јавност со изјава за да ги негира ваквите шпекулации.
„Не се сеќавам на таа жена. Никогаш во животот ја немам среднато“, изјавил Ендру за Би-би-си.
Прнцот објаснил и дека секојдневно бил подложен на тортура и префрлања од јавноста затоа што продолжил да ја посетува вилата на Епстајн и по неговото излегување од затвор во 2008 година.
Вирџинија е девојката која го обвини британскиот принц дека ја присилил на секс кога таа имала 17 години. Таа за медиумите изјави дека Ендру ја искористил во 2000 година, кога била малолетна.

 

Scroll to Top