Неизвесна иднината на кинескиот научник кој создаде модифицирано бебе

Иднината на Хе Џианкуи, кинескиот научник кој создаде генетско модифицирано бебе станува неизвесна, со оглед на фактот дека тој веќе некое време е затворен и чуван од страна на десет неидентификувани лица.

Научникот е затворен во мал пансион во Универзитет во градот Шензен. Тој оваа недела е виден за прв пат на балконот од неговиот апартман, откако се појавил на конференцијата во Хонг Конг.

Хе на крајот на ноември на конференцијата ги бранеше своите дела и посстапки, пренесува New York Times. Во изминатите неколку недели во јавноста се ширеа гласини околу тоа дали доктор бил во домашен притвор.

Неговиот универзитет и кинеската влада која го ставила Хе под истрага, не соопштиле ништо за неговата судбина, но, појавувањето на Хе на балконот од хотелот решил поголемиот дел од дилемите за јавноста.

Во ноември докторот ја изненади глобалната научна заедница, кога потврди дека го создал првото бебе на светот, од генетски уредени ембриони кои биле всадени во жена, која подоцна родила близнаци.

Иако не принел никакви докази за тоа дека родените близнаци се генетски модифицирани, Хе покажал податоци кои сугерираат дека тоа навистина го направил.

Научниците во Кина и во светот го осудиле Хе ѝ неговите тврдења ѝ посочиле дека отишол предалеку во неговите истражувања.

Многу кинекси научници изјавиле дека овој проект ги симоблизира интензивните напори на Хе и неговиот тим, кога станува збор за научните достигнувања, но додаваат дека единствена маана во целиот овој проект е занемерувањето на етичките стандарди.

Scroll to Top