Некој го донел коронавирусот на пазарот во Вухан, вели кинескиот амбасадор во Русија

Амбасадорот на Кина во Москва Џанг Ханхуеи, во своето интервју за „ТАСС“ истакна дека дошле до сознанија кои покажуваат дека коронавирусот можеби се појавил на пазарот во Вухан, но дека таму некој го донел, пренесува српски „Курир“.

Џанг вели дека целата приказна околу вирусот „Ковид-19“, допрва ќе се разоткрива, како и дека целата меѓународна заедница ќе се изненади од добиените резултати од истрагата.

Потрагата за настанувањето на „Ковид-19“, се разви во епска приказна. Благодарение на инсинуациите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вирусот го нарече кинески или вухански, сега Пекинг одлучи да одговори на сите обвинувања.

„Пет водечки кинески научни организации собраа податоци од 93 геномски видови од „Ковид-19“, кои се објавени во глобалната база на податоци на основа на податоците од 12 земји од различни континенти“, изјавил Џанг.

Тој во својот необичен настап објаснил дека истражувањата покажале дека најстариот предок на „Ковид-19“ е вирусот познат како mv1, кој подоцна еволуирал во хаплотип H12 и H38. (хаплотип е група на гени внатре во еден организам кој е наследен од еден предок).

H13 и H38 еволуирале во хаплотип на друга генерација – H3, кој на крајот еволуирал во H1 (Ковид-19). Со други зборови, „татко“ на „Ковид-19“ е N3, а неговите „баба“ и „дедо“ се N13 и N38, а „прадедо“ му е mv1.

Џанг објаснува дека иако вирусот кој е откриен на пазарот во Вухан, тој припаѓа на видот N1, а само неговиот „татко“ N3 е забележан во Вухан и тоа не на пазарот на морски плодови.

„Што е уште поважно, „бабата“ и „дедото“ на „Ковид-19“, N13 и N38, никогаш не се детектирани во Вухан“, вели кинескиот амбасадор.

Како што објаснува тој, тоа само говори дека видот N1 на пазарот го донела некоја инфицирана личност, што ја предизвикала епидемијата. Секвенцата на ген не може да лаже.

Доволно е да се каже дека изворот на ширењето на „Ковид-19“ допрва треба да се открие, а трагите можат да водат на која било страна. Во овој момент, иако „Ковид-19“ првпат се појавил во Вухан, неговото точно потекло, допрва треба да се утврди.

„Брачна двојка од Јапонија се заболеле од „Ковид-19“ за време на нивниот престој во Хаваи (каде се наоѓа американската пацифичка база) во периодот од 28. јануари до трети февруари, иако тие не ја посетиле Кина, ниту биле во контакт со било која кинеска личност. Треба да се подвлече дека сопругот ги добил симптомите пред трети февруари“, истакнал амбасадорот Џанг.

Медиумите известиле дека „Ковид-19“ првпат се појавил во Ломбардија, уште на први јануари, пренесува српски Курир. Уважен италијански медицински специјалист истакнал дека епидемијата на „Ковид-19“, почнала да се шири низ Италија уште пред да почне да се шири во Кина, пренесува српски „Курир“.

Прочуениот американски вирусолог Роберт Редфилд, директорот од Центарот за контрола и превенција на заразни болести и администратор на Агенцијата за отровни супстанци и регистар на болести (федерална агенција за јавно здравје во Атланта), изнел сомнеж дека голем број на смртни исходи од сезонскиот грип во САД, се последица на „Ковид-19“, за кој САД во тоа време не правел тестирања.

„Дополнително шокира дека Италија во потрагата за првите случаи на зараза од „Ковид-19“, сакала да ексхумира поедини американски жртви на грип, нешто што САД одбила да го дозволат. Но, современата наука и технологија се прилично способни да следат трага на „Ковид-19“ и апсолутно е сигурно дека „пред или покасно ќе дојде ден кога сето тоа што сега се крие, на крајот ќе излезе на површина“, изјавил амбасадорот Џанг.

Интересно е дека од објавувањето на интервјуто со амбасадорот Џанг на „ТАСС“, претседателот Трамп ги корегираше своите претходни обвинувања за улогата на Кина и нејзините зли намери, пишува српски „Курир“.

Трамп повеќе на алудира дека Кина е виновна. Но, ова не е завршен случај. Поточно, за него сега може да се преговара. Трамп се обрати два дена по интервјуто на Џанг.

Очигледно кинескиот дипломат навестил дека трагата за „Ковид-19“ може научно да се следи и дека тоа ќе биде сторено. Трамп ќе има сериозен проблем, ако се испостави дека „бабата“ и „дедото“ и „прадедото“ на „Ковид-19“, се со американско потекло.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top