Незаконски објавени тајни податоци за руските космички летала

By

На руски сајтови незаконски се објавени доверливи податоци за руски космички летала кои досега не биле соопштени во јавноста. Истите се достапни на интернет и секој има слободен пристап до нив.

Податоците за тоа како биле правени сателитите нивните имиња, роковите за лансирање, пробните конструкторски вежби, претпријатијата кои ги реализирале, јавно ги претставила компанијата „Сатурн“.

„Сатурн“ е компанија што произведува сончеви батерии и акумулатори за руски космички уреди и која е во надлежност на Федералната вселенска агенција на Русија „Роскосмос“, пренесува „Спутник“.

Од „Сатурн“ ја потврдиле оригиналноста на објавените податоци кои се соопштени на експертска конференција во Краснодар, во февруари. Материјалите од конференцијата се објавени на некои сајтови со руски домен.

„Тоа е незаконски објавено. Информациите се преземени од соопштенија од конференција и не требало да излезат во јавност“, изјавил за „Спутник“ главниот конструктор на PAO „Сатурн“, Сергеј Лихоносов.

Лихоносов нагласил дека против оној кој тоа го објавил ќе бидат преземени соодветни мерки.

Компанијата „Сатурн“ се наоѓа на списокот на акционерски друштва, кон кои државната корпорација за космичкa дејност „Роскосмос“, спроведува единствена државна политика и која ја сметаат за стратешко руско претпријатие.

 

Ќе ви се допадне