Ни корона ни криза не го спречува Пентагон да трага по вонземјани

Министерството за одбрана на САД соопштило дека донеле одлука да формираат работни групи за истражување неидентификувани летачки објекти – НЛО, со кои, наводно, се сретнале американските воени пилоти, пишува Си-ен-ен.

Како што е наведено во текстот, оваа работна група ја предводи заменик-министерот за одбрана на САД, Дејвид Норквист, а се очекува дека таа ќе биде официјално претставена во јавноста во наредните неколку дена.

Американската телевизија потсетува дека оваа тема неодамна предизвикала загриженост и во Конгресот на САД, а не е исклучено дека тие летачки обекти би можеле да бидат произведени и на Земјата, односно да припаѓаат на потенцијалните американски противници.

Инаку, во САД, до крајот на Втората светска војна, во повеќе наврати биле формирани работни групи на разни нивоа по прашањата за истражување на НЛО.

За потсетување, на крајот на април Пентагон објави видеоснимка од неидентификуван летачки објект, кој ги потврдил инцидентите што се случиле во 2004 и 2015 година.

Станува збор за видеоснимки што ги направиле американските воени пилоти и кои веќе со години циркулираат на социјалните мрежи. Една од снимките настанала во ноември 2004 година, а преостанатите две во јануари 2015 година.

 

 

Scroll to Top