Никој освен кралското семејство го нема видено гробот на принцезата Дајана

Никој од јавноста никогаш не го видел ниту пак го посетил гробот на принцезата Дајана. Како што открил принцот Чарлс во едно од своите интервјуа, членовите на кралското семејство се плашат дека гробното место би можело да биде осквернавено или ограбено. Досега имало такви обиди.

Дајана Спенсер е жена која светот ја памети како принцезата од Велс, една од најпопуларните и најпознати жени во 20 век. Ќерката на грофот Џон Спенсер на само 20 години се омажила за британскиот престолонаследник Чарлс, а нејзината  венчавка на телевизија ја гледаа над 750 милиони луѓе ширум светот.

Веднаш по венчавката за Чарлс, нејзината популарност достигна неверојатни размери. Новата принцеза плени со својот изглед, модни комбинации и добра комуникација со народот.

Обожавањето на Дајана брзо прерасна во глобална опсесија затоа што принцезата до крајот на осумдесеттите години стана најфотографираната жена на 20 век, а на медиумите им стана уште поинтересна кога стана јасно дека нејзиниот брак со идниот крал е несреќен.

Стотина милиони луѓе низ светот добро знаат каде биле и што работеле во неделата на 31 август 1997 година, кога беше објавена веста дека принцезата загина во Париз бегајќи од папараците.

По трагичната смрт, следеше еден од најголемите погреби на 20 век. Испраќањето на принцезата на телевизија го гледаа 2,5 милијарди луѓе. Според некои податоци, тоа бил најгледаниот телевизиски настан во историјата на телевизијата.

Принцезата Дајана е погребана на Алтроп, имотот на семејството Спенсер. Нејзиниот гроб се наоѓа на остров на езеро, но поради страв од крадците и обожавателите, не е достапен пристап за јавноста. Нејзиното гробно место не може да се посети ни да се фотографира, а фотографијата од местото никогаш не била објавена во весниците.

Наместо гробното место, обожавателите за време на летото можат да го видат и фотографираат големиот споменик на принцезата кој го подигнал нејзиниот брат, грофот Чарлс Спенсер. На споменикот се гледа и силуетата на принцезата, нејзиното име и годините на раѓање и смрт.

Чарлс Спенсер неколку пати на новинарите им раскажа дека без разлика на обезбедувањето и фактот дека островот со гробот е затворен за јавноста, досега имало неколку обиди за грабеж.

Scroll to Top