Николас Мадуро тврди дека Доналд Трамп го нарачал неговото убиство

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјавил дека американскиот претседател Доналд Трамп го одобрил и нарачал неговото убиство. Тој вели дека во моментов Трамп е во потрага по снајперисти кои ќе ја завршат работата.

„Бев жртва на најгруба агресија. Американската влада предложи 15 милиони долари за мојата глава. Доналд Трамп го одобри моето убиство. Не преувеличувам. Тие се обидуваат да формираат група на снајперисти или да најмат снајперисти од Венецуела и да ме убијат“, вели Мадуро.

На пролет годинава Министерството за правда на САД го обвини Мадуро, со уште 14 високи официјални лица во земјата, дека се вмешани во шверц на наркотици. Стејт департментот објави награда од 15 милиони долари за информации кои би довеле до апсење на Мадуро.

Претседателот на Венецуела во повеќе наврати ги обвини Соединетите Американски Држави за организација на неговиот атентат. Наводно, минатата година биле спречени неколку обиди кои биле организирани во Колумбија, со одобрение од Вашингтон.

Scroll to Top