НЛО снимено за време на прославата за 70-годишнот јубилеј на кралицата Елизабета

НЛО било снимено како лета за време на јубилејот на британската кралица Елизабета Втора. Леталото било снимено со камерата на снимателот на Sky News, пренесува ufosfootage.uk.

Непознатото летало било забележано на десната страна од екранот, точно за време на директниот пренос. Тоа се пробивало низ патеките од чад.

„Ова е страшно, затоа што е многу блиску до Бакингемската палата и ништо не можело да го пресретне. Страшно е и затоа што кралицата со нејзиното семејство во тие моменти беше на балконот. Со прелетот на овој објект јасно се кршат правилата за воздушниот простор“, биле само некои од коментарите на некои теоретичари на заговор.

 

Scroll to Top